Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи: Ако СДСМ одлучи за парламентарни избори, ДУИ нема да биде против

0
By Нова ТВ on January 25, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, January 25, 2019 15:00

ДУИ останува на ставот дека Македонија треба да има консензуален претседателски кандидат и оти предвремени избори не се во интерес на државата.

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска рече дека ДУИ ќе го следи коалицискиот партнер. 

-Начелно сме против  избори, меѓутоа доколку СДСМ денеска одлучи дека се за парламентарни избори ние нема да бидеме против. Но, даваме порака до сите политички партии дека сега е време за фокус на реформската агенда и започнување на преговори оваа година, подвлече Османи на новинарско прашање по семинарот на СЕП и Француската амбасада за подготовка на администрацијата за пристапни преговори.

За францускиот амбасадор Тимоние, дали да се оди на избори или не, е внатрешно прашање на Македонија.

-Важно е да се продолжи со спроведувањето на агендата на реформите, меѓутоа тоа спроведување да е во духот на зајакнување на националниот консензус, бидејќи еропската идеја е идеја која што обединува, која што го трансформира општеството, идеја на заемно почитување меѓу различните заедници. Нашите пратеници кои се на овој семинар ќе го пренесат напредокот којшто е констатиран и којшто го прави Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ. Но, исто така, пратениците треба да им објаснат на француските граѓани дека реформите продолжуваат, но тоа не значи дека ќе сакаат да се внесат дополнителни проблеми во ЕУ затоа што со членството во Унијата Македонија ќе има и дополнителна одговорност да испорачува надеж, а токму таа надеж конкретно и денес се остварува, рече Тимоние.

Во врска со разговорите за заеднички претседателски кандидат на изборите, Османи вели дека оваа идеја ја застапуваат од 2014 година, опстојуваат на неа и денес и ќе продолжат да ја застапуваат и во наредните мандати ако не успеат сега.

-Начелно имаме прелиминарен договор со СДСМ дека на овие избори ќе излеземе со заеднички кандидат. Сме разговарале и за одредени имиња за кои се шпекулира во јавноста, меѓутоа немаме договор досега во однос на тоа кој ќе биде кандидатот. Очекуваме да разговараме и за конкретни имиња, меѓутоа ДУИ останува на ставот дека Македонија треба да има консензуален претседател, рече Османи.

Запрашан во однос на тоа кои се прифатливи кандидати за ДУИ, Османи рече дека е рано да се разговара за тоа, подвлегувајќи го партискиот став оти сметаат дека кандидатот треба да ги надмине етничките и партиските линии, но, доколку има добар кандидат, и во рамки на партиите, ние сме подготвени да разговараме.

-Мислам дека е рано да разговараме за имиња, бидејќи го компромитираме процесот, граѓаните да го кажат прво своето мислење во различни испитувања на јавното мислење, рече Османи, запрашан дали Шекеринска и Спасовски се прифатливи кандидати за ДУИ.

Централниот одбор на СДСМ, вечер на седница треба да одлучува за отпочнување постапката за номинирање претседателски кандидати и за можноста заедно со претседателските да се одржат и предвремени парламентарни избори.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.