Published: Sunday, January 27, 2019 09:50
Најмалку 27 лица загинаа во два бомбашки напади во црквата „Пресвета Богородица“ на островот Џоло. Бомбите експлодирале за време на неделната служба.
Едната бомба експлодирала во катедралата, а другата на паркингот. Неколку десетици лица се повредени.
Нападот се случува неколку дена откако жителите на ова подрачје гласаа за поголема автономија на референдум.
Ниту една група досега не ја презеде одговорноста за нападот.
Џоло одамна важи за место во кое престојуваат милитантите, вклучувајќи ги и оние од групата Абу Сајаф.
Повеќето од жртвите во денешниот напад се цивили.




