НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Петар за неделен ручек: Шпагети со ќофтиња

0
By Нова ТВ on October 20, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email



Петар за неделен ручек: Шпагети со ќофтиња

Пред некое време со @ElenaTrimceska решивме дека претеруваме со тестенини па решивме да јадеме некое мелено месо со пире од компир. За секој случај бидејки решив да снимам што ке зготвам ставив и тестенини во случај да не искочи пирето толку добро да имам видео за на блогот да постирам. И верувале или не кога ги пробавме шпагетите со тестенини, никој повеќе не сакаше да јаде од пирето. Иако многу луѓе веруваат дека ова е италијански рецепт шпагетите со ќофтиња се верува дека како комбинација прв пат почнале да се прават во Америка од италијанските иселеници.

200 грама шпагети
1 главица кромид
1 морков
1-2 кришка леб
1 јајце
500 грама мелено месо
1 конзерва домати
1 мала чаша млеко
2 чешниња лук
рузмарин, магдонос и босилок

Ставете го месото во поголем сад, ставете две лажички дижон сенф, сол и бибер, магдонос, рузмарин и јајце. Од лебот отстранете ги корките и додадете го на месото. Додадете го и млекото, замешајте смеса за ќофтиња и од смесата стркалајте топчиња со рака.

На маслинов зејтин запржете ги ќофтињата по малце колку да се обојат однавор но не ги препржувајте. Тргнете ги ќофтињата од тавчето и додадете го кромидот, лукот и морковот да се запржат на среден оган. Кога кромидот ќе стане стаклест додадете ја конзервата со домати и раздробете ги доматите. Оставете ги 5–6 минути доматите да крчкаат а потоа додадете ги ќофтињата и поклопете го тавчето.

Додека сосот се ќофтињата си крчаат имате доволно време да ги сварите шпагетите. Ставете вода во еден голем лонец и една шака сол. Кога водата ќе зоврие ставете ги шпагетите. Еден трик што научив од по ресторани е дека кога се варат шпагети не ги оставаме сами да омекнат и да паднат во тенџерето туку во истиот момент кога ке ги ставиме со вилушка малце ги подвиткуваме за можат целосно да влезат во водата. Така шпагетите ќе се сварат рамномерно.

При крајот кога сосот ќе згусне искинете на сите парчиња една шака босилок и промешајте. Кога шпагетите ке бидат готови, направете мали гнезда од шпагети во средината ставете малку од сосот а одозгора едно ќофте и ливче босилок за декорација.

Доколку нели сакате да останете на идејата да направите пире потребно ќе ви бидат:

3-4 компири
1 лажица путер
1 мала чаша млеко

Излупете ги компирите и ставете ги во вода да се варат. За да проверете кога се готови земете една чечкалица или вилушка и боцнете ги доколку се меки во средината компирот е готов. Извадете ги компирите од водата, процедете ги а потоа со преса за пире или со вилушка почнете да ги толчите се додека не добиете смеса како пире. Во смесата вратете ја во тенџере и на многу тивок оган додадете млеко и путер и мешајте додека путерот не се стопи и смесата соедини.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.