Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Харадинај ги објави условите за укинување на таксата кон Србија, бара меѓународна конференција

0
By Нова ТВ on January 28, 2019 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, January 28, 2019 18:37

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај им испрати попладнево писмо на амбасадорите на петте најсилни држави акредитирани во Косово, во кое ги информира за условите кои треба да се исполнат пред неговата Влада да ја укине таксата од 100 отсто на увозот од Србија и Босна и Херцеговина, јави дописникот на МИА од Приштина.

Харадинај, во писмото до амбасадорите на таканаречената „Петорка“, односно на Соединетите Американски Држави, Германија, Велика Британија, Италија и Франција, напоменува дека таксата е „одговор на постојаното кршење на Договорот за слободна трговија со Централна Европа (ЦЕФТА) и постојаните чинови на агресија (од српска страна) кои имаат за цел нанесување штети на косовската држава“.

– Ние сме длабоко убедени дека може да се постигне во 2019 година сеопфатен и обврзувачки договор меѓу Косово и Србија, кој ќе ги адресира сите нерешени прашања, вклучително репарациите на штетите од војната, правата на малцинствата во двете земји, како и различните економски, социјални и културни прашања – што ќе доведе до меѓусебно признавање и зачленување на Косово во Организацијата на Обединетите нации, пишува Харадинај.

Косовскиот премиер порачува дека таксата ќе се укине веднаш штом се исполнат условите, а за што бара гаранции од САД и од Европската Унија.

Како прв услов што се наведува во писмото, кое Харадинај го објави на својата страница на Фејсбук, се наведува одржувањето на меѓународна конференција, со цел постигнување сеопфатен и законски обврзувачки договор меѓу Косово и Србија.

Конференцијата треба да се иницира од САД и ЕУ, треба да трае не повеќе од 14 денови и да резултира со решавање на сите нерешени прашања меѓу двете држави.

Од САД и ЕУ, Харадинај бара јавно да гарантираат дека од таа конференција „нема да произлезе промена на постоечките граници на Косово, поделба на земјата или размена на територии од било каква природа“, како и дека нема да има „давање извршни надлежности на Заедницата на српски општини, ниту некој договор кој е спротивен на Уставот на Косово“.

Од ЕУ се бараат „дополнителна посветеност и гаранции дека визната либерализација за граѓаните на Косово ќе стапи на сила пред започнувањето на конференцијата“.

Пред укинувањето на таксата на српскиот увоз, Харадинај очекува „Србија да ги укине сите тарифни бариери на прометот на стоки од Косово, како и сите незаконски ограничувања во трговијата и услугите и во движењето на луѓето од Косово во Србија“.

– Претседателот, премиерот или министерот за надворешни работи на Србија јавно да потврдат дека се засекогаш запрени сите политики и други дејствија од секаков вид, насочени против аспирациите на Косово како суверена држава, се вели во писмото на косовскиот премиер до амбасадорите од „Петорката“.

Харадинај нагласува дека „таксата веднаш ќе биде повторно воведена доколку конференцијата не резултира со сеопфатен и обврзувачки договор меѓу Косово и Србија, кој обезбедува, меѓу другото, меѓусебно признавање и зачленување на Косово во Организацијата на Обединетите Нации“.

Таксата може исто така и подоцна да се врати, доколку, како што вели Харадинај, не се реализираат договорите од конференцијата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.