Советниците во Оптина Центар на денешната седница усвоија измената на програмата за одбележување значајни настани, истакнати личности и маалски традиции со спомен обележја во Општина Центар, со која неодамна починатиот македонски писател и член на МАНУ Горан Стефановски ќе добие спомен обележје во Дебар Маало, на триаголниот парк спроти ресторанот Идадија.
Иницијативата е на Македонската академија на науките и уметностите.
Горан Стефановски почина во ноември лани на 66 годишна возраст во Лондон.
Тој беше автор на „Диво месо“, „Лет во место”, „Дупло дно”, „Тетовирани души”, а добитник е на престижните награди: „Стале Попов“ „11 Октомври“, двапати на „Стериина награда” и шестпати добитник на наградата„Војдан Чернодрински“. Горан Стефановски беше и дописен член на МАНУ.
Горан Стефановски (роден во Битола, 27 април 1952) е македонски драмски писател. Завршил Филолошки факултет во Скопје, англиски јазик и книжевност. Студирал драматургија на театарската академија на Универзитетот во Белград каде што и магистрирал на тема „Сценските напатствија како основа на драматургијата на Семјуел Бекет“.