Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Русковска: За тројца се бара притвор, а за еден куќен притвор, од здравствени причини

0
By Нова ТВ on February 1, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, February 1, 2019 16:20

Јавното обвинителство бара притвор за тројца и куќен притвор за еден од четворицата поранешни министри и заменици министри за земјоделство кои се осомничени за злоупотреба на службена положба и овластување при доделување на земјоделска помош и давање под закуп државно земјоделско земјиште со што предизвикале штета од над 1,4 милиони евра на Буџетот.

Ова го изјави денеска пред Кривичниот суд јавната обвинителка, Вилма Русковска.

– За тројца бараме мерка притвор, а за еден поради здравствени причини, затоа што донесе медицинска документација, го преиначив предлогот од притвор во мерка куќен притвор, објасни Русковска.

Посочи дека станува збор за истражна постапка и не може да кажува имиња.

– Се сомничат дека во времето додека биле министри и заменик минситер склучувале договори за давање земјоделско земјиште под закуп, закупците не го плаќале закупот, а тие не преземале мерки за раскинување на договорите. Треба на јавноста да и кажеме дека единствен овластен за потпишување на договор за закуп и за раскинување на договор за закуп според Законот е министерот, изјави Рускоска.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција претходно информира дека четворицата во својство на министри за земјоделство, шумарство и водостопанство и нивни заменици во одреден период склучувале договори за закуп на земјоделско земјиште, кои не ги раскинувале иако закупувачите не го плаќале надоместокот за закуп.

– Станува збор за досега утврдени 584 договори за закуп на земјоделско земјиште на разни локации низ државата. На овој начин била предизвикана штета на Буџетот на Република Македонија во износ од 88.467.607 денари (над 1,4 милиони евра)., информираат од Јавното обвинителство на Република Македонија, соопшти Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Поранешните министри Ацо Спасеновски, Михаил Цветков и Љупчо Димовски и поранешниот заменик министер Кристијан Делев денеска се на распит кај судија на претходна постапка.

Утре седница за пратеничкиот имунитет на Димовски

Кривичен суд побарал од собраниската комисија  за мандатно имунитетни прашања да му го одземе имунитетот на пратеникот Љупчо Димовски, поранешен министер за земјделство, за кого се бара притвор, бидејќи заедно со други двајца поранешни министри и еден заменик министер за земјоделство е осомничен за злоупотреба на службена положба и овластување при доделување на земјоделска помош и давање под закуп државно земјоделско земјиште со што предизвикале штета од над 1,4 милиони евра на Буџетот.

Ова за НОВА го потврди претседателот на Комисијата Павле Богоевски.

Тој очекува до крајот на денот барањето да биде доставено до Собранието, бидејќи според процедурата вакви барања се доставуваат преку пошта, а Комисијата ќе заседава утре во 11 часот.

За што се осомничени приведените

Полицијата поднесе кривична пријава за „злоупотреба на службената положба и овластување” и ги лиши од слобода М.Ц. (64), Љ.Д. (59), А.С. (49) и Х.Д. (44), поради постоење основано сомнение дека во својство на министри и во својство на заменик министер во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во периодот од 2006 до 2016 година го оштетиле буџетот на РМ во вкупен износ од 88.467.607 денари или 1.483.497 евра.

– Според документираните сознанија од повеќемесечната истрага на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, а во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, пријавените иако, во својство на високи државни функционери, имале обврска согласно законите да организираат и да обезбедат законито и ефикасно вршење на работите и задачите во Министерството, со цел да обезбедат заштита на интересите на Република Македонија, таквите дејствија не ги сториле, информираат од МВР.

Првопријавениот М.Ц., во периодот од јуни 2014 до мај 2017 година, кога бил на функцијатата министер во МЗШВ, со неизвршување на својата службена должност, по однос на спорните договори за закуп не вршел контрола за неплатена закупнина, не ги раскинал договорите за закуп за кои не била платена закупнината и не поднел тужба за наплата на долгот по договорите по кои обврските не биле подмирени од страна на закупците. Притоа, за сметка на трети лица, го оштетил буџетот во износ од 35.202.553  денари или 572.399  евра.

Според МВР, пријавениот Љ.Д., кој во периодот од јули 2009 до јуни 2014 година, бил министер во МЗШВ, на истиот незаконит начин на работење на штета на буџетот овозможил на трети лица да се стекнат со противправна имотна корист во износ од 19.846.530 денари или 322.708 евра.

Третопријавениот А.С., во периодот од август 2006 до јули 2009 година, кога бил на функцијата министер во МЗШВ, со неизвршување на својата службена должност за сметка на трети лица нанел штета на буџетот во износ од 2.010.112 денари или 32.685 евра.

Четвртопријавениот Х.Д., во својство на заменик министер во МЗШВ, ја злоупотребил службената положба и овластување склучил анекси на договори за закуп, кои МЗШВ ги има склучено со две правни лица, овозможувајќи им отплаќање на обврските за закуп дури четири години по склучувањето на договорот во првиот и три и пол години во вториот случај. На овој начин, Х.Д. ја злоупотребил службената положба и овластувања и за сметка на стекнување на противправна имотна корист на трети лица, а на буџетот му нанел штета во вкупен износ од 31.408.412 денари или 510.706 евра, информираат од МВР.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.