Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Меј: ЕУ сака Брегзит со договор

0
By Нова ТВ on February 7, 2019 СВЕТ
Тереза Меј
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, February 7, 2019 18:19

Лидерите на Европската Унија сакаат Велика Британија да го напушти блокот со постигнат договор, изјави денеска британската премиерка Тереза Меј на крајот на посетата на Брисел, каде имаше средби со првите луѓе на институциите на Унијата.

– Тоа што го видов и слушнав од лидерите е дека сакаат да работиме заедно со цел Велика Британија да ја напушти Европската унија со договор, изјави Меј.

Таа нагласи дека работите нема да се одвиваат лесно, но дека сепак со претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер се договориле да започна разговори и да изнајдат начини „за надминување на пречките“, со цел да се обезбеди поддршка за Договорот за Брегзит во британскиот Парламент.

– Јасно е дека ќе го спроведам Брегзитот. Ќе го спроведам на време. Тоа е она што можам да го сторам за британската јавност. Во следните денови посветено ќе преговарам да го сторам тоа, порача Меј.

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск по средбата со Меј изјави дека посетата на британската премиерка „не довела до пресвртница“, но дека разговорите меѓу ЕУ и Велика Британија ќе продолжат.

– На повидок нема пресвртница. Разговорите ќе продолжат, истакна Туск.

На средбата со Јункер, претседателот на Еврокомисијата на Меј и го повторил ставот дека ЕУ нема да прифати „повторно отворање“ на Договорот за Брегзит, но дополни дека се можни промени во анексот, што е во форма на политичка декларација.

Претседателот на Европскиот парламент, Антонио Тајани, пак по средбата со Меј нагласи дека евентуалното истапување на Велика Британија од ЕУ без договор би имало катастрофални последици.

Меј денеска престојуваше во Брисел во обид да издејствува промени во Договорот за Брегзит во делот кој се однесува на границата меѓу Република Ирска и британската покраина Северна Ирска. Со сегашните одредби од Договорот предвидено е „ирската граница“ да остане отворена како што е и сега и за време на преодниот период по Брегзит, предвиден за 29 март.

Противниците на ваквото решение во Лондон, пред се од редовите на Конзервативната партија на премиерката Меј, сметаат дека таа одредба би можела Велика Британија „да ја задржи предолго врзана за ЕУ, па дури и бесконечно“.

Лидерите на ЕУ уште претходно ја отфрлија можноста за нови преговори, нагласувајќи дека договорената одредба за „ирската граница“ е „единственото можно решение“ и „балансиран компромис, што претставува добро решение за граѓаните и бизнисите на двете страни“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.