Published: Friday, February 8, 2019 19:24
Десет млади играчи се мртви и најмалку тројца други со изгореници откако избувна пожар во младинскиот тренинг центар на бразилскиот фудбалски клуб Фламенго.
Пожарот избувнал додека младите играчи спиеле во центарот за тренинг.
Фламенго е еден од најголемите и најпопуларни бразилски клубови.
Во Рио е прогласена тродневна жалост.
Се уште не се познати причините за несреќата.




