Кантри пејачката Кејси Масгрејвс освои Греми за албум на годината со “Golden Hour”, како и наградата за најдобар кантри албум на синоќешното 61 издание на Греми, кога се доделуваат наградите на американската Академија за дискографска уметност и науки.
Исто така, таа освои Греми и за најдобра кантри песна “Space Cowboy”, и за најдобра кантри изведба на песната “Butterflies”.
Доналд Гловер, познат под прекарот Чајлдиш Гамбино е исто така еден од победниците на овогодшните Греми награди и тоа за надобра снимка, најдобра песна и за изведба на “This America”, како и за видео на годината.
За надобар дует се прогласени Лејди Gага и Бредли Купер за “Shallow” од филмот “A Star is Born”, кој е номиниран за Оскар.
За наjдобар албум е прогласен “Invasion of Privacy” на Карди Би, која стана првата жена која ја освоила наградата во оваа категорија. Во областа на рокенролот, најдобар албум е “From the Fires” на Грета Ван Флит.
Целосната листа на добитници на следниот линк.
За откритие на годината е прогласена Дуа Липа.
Церемонијата ја водеше Алиша Киз, добитничка на 15 Греми награди, а изненадување на вечерта беше појавувањето на поранешната прва дама на САД Мишел Обама, која и се придружи на водителката како поддршка.
Вечера мина и во знакот на американските музички икони, Доли Партон и Дајана Рос, која се појави синоќа на сцената и го прослави 75 роденден.
Академијата за дискографија која ги доделува наградите Греми направи реформи и воведе новини, меѓу кои и зголемување на бројот на кандидати во главните категории, како одговор на критиките дека меѓу номинираните нема доволно жени и претставници на различни етнички малцинства.
Наградата Греми е востановена во 1959 година и се доделува за исклучителен придонес во музиката и дискографијата.