НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Земјоделството губи пари од Европската комисија

0
By Светлана Јовановска on October 21, 2013 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Скромен напредок во областа на земјоделството, констатира Европската комисија (ЕК) во својот најнов извештај за Македонија.

Капацитетот за абсорпција за петтата компонентна серизно загрижува. Неупотребената сума од 7,39 милиони евра од ИПАРД програмата за 2009 година беа одземени, вели ЕК.

Според извештајот за напредок на Македонија, во областа на земјоделството, сериозно загрижува фактот што институционалниот капацитет на земјата овде е сосема недоволен.
Направени се чекори за подобрување на капацитетот на Агенцијата за финансиска поддршка за земјоделството и руралниот развој за да се применува ИПАРД, европската поддршка за оваа област, но сепак тоа не е доволно.

Во сосема рана фаза се подготовките на стратегијата за набљудување и подобрување на квалитетот на млекото за 2013 година – 2020 година која е усвоена како и законодавството на ориз и житарици.

Во руралниот развој усвоено е законодавство како и Законот за земјоделски кооперативи а зајакнато е и институционалниот капацитет на менаџирање на ИПАРД програмата во Министерството за земјоделство каде што се работи на петтата компонетата.

Да потсетиме дека петта компонента од ИПАРД има за цел да го подобри земјоделскиот сектор и компетитивноста на земјоделските производи, ефикасноста на пазарот и прилагодувањето на ЕУ стандардите во областа на заштитата на животната околина, јавното здравство, здравјето на животните и растенијата и заштитата на работа.

Оваа област напредокот на Македонија е лимитиран и напорите, вели ЕК, мора да бидат зајакнати. “Капацитетот за абсорпција за петтата компонентна серизно загрижува.

Неупотребената сума од 7,39 милиони евра од ИПАРД програмата за 2009 година беа одземени”, вели ЕК. Оваа забелешка може да се протолкува како предупредување дека дополнителни пари ќе бидат одземени и наредната година од буџетот за 2010 година доколку не бидат искористени.

Производството на органска храна исто така беа предмет на набљудувањето од страна на ЕК каде што таа забележала националната стратегија и акцискиот план биле усвоени за периодот 2013 година -2020 година. Производителите на органска храна добиваат пари кои се една третина од конвенционалното производство на храна. Но, и покрај овие пари капацитетот на производството на органска храна е опаднат. Административниот капацитет е оценет како недоволен а ЕК се надева дека подготовките ќе продолжат. Што се однесува за политиката на квалитет воведено е законодавство за географско потекло.

Во својот заклучок ЕК констатира скромен напредок. Таа вели дека е направен одреден напредок во земјоделството и руралниот развој, но дека административниот капацитет мора да биде зајакнат.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.