Претседателот на САД, Доналд Трамп, ќе го потпише договорот за да спречи блокада на владата, како и прогласување на вонредна состојба за да го фундира неговиот ѕид.
Белата куќа вели дека тој ќе го потпише договорот како што ветил, но дека исто така ќе преземе акција да го бајпасира Конгресот и да искористи воени фондови за изградба на ѕидот долж границата меѓу САД и Мексико.
Лидерот на мнозинството во Сентатот, Мич Меконел го соопшти планот непосредно пред да биде изгласан договорениот предлог.
Договорот мора прво да помине во Конгресот за да биде потпишана од претседателот.
– Претседателот уште еднаш исполнува негово ветување, да го изгради ѕидот и да ја заштити границата и безбедноста на нашата голема земја – изјави портпаролката Сара Сандерс од Белата куќа.
Таа додаде дека тој би презел акции вклучувајќи прогласување вонредна состојба за да се осигура дека ќе биде спречена хуманитарната криза на краницата на земјата.




