Дел од зградата на универзитет во Санкт Петербург се урна попладнево, а под урнатините имаше затрупани луѓе, кои се извлечени, соопштија очевидци и локалните власти.
Потврдено е дека 86 лица се безбедно евакуирани и не е пронајдено ниту едно тело под урнатините за време на спасувачката операција.
Инцидентот се случи денеска на Универзитетот за информатички технологии, механика и оптика додека се одржувала настава, пишува „Раша тудеј“. Претходно беше објавено дека најмалку 60 луѓе биле евакуирани од зградата по несреќата, а се стравува дека под урнатините се наоѓаат дури 21 лице.
На фотографиите кои се објавени по уривањето се забележува голема дупка на покривот од зградата, како и густа прашина.
Несреќата најверојатно е предизвикана од градежните работи во зградата, каде горните катови делумно се распаднале.




