„Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство распиша јавен повик за доставување на иницијатива за продажба на земјоделско земјиште кое е дадено под закуп на правни и физички лица. Затоа ние од ОО на СДСМ застануваме на страна на земјоделецот и ја повикуваме владата да ја стопира продажбата, бидејќи најголем дел од земјоделците кои имаат земено под закуп државното земјоделско земјиште го користат за засејување на пченица и јачмен“, информираше денеска Сашо Тодоровски, портпарол на СДСМ Куманово
Тој потсети на годинешниот откуп на пченица, поради што, како што рече, земјоделците се во многу лоша финансиска состојба. Мака мачат како да ги засеат површините, а камоли уште и да планираат да ја откупат земјата.
„Владата потроши огромни пари за кампањи и за промовирање на субвенциите и програмите за рурален развој. Се со една цел да ги убеди граѓаните дека е земјоделска влада. А, токму сега кога треба и земјата да им ја продаде нема ниту денар за кампања. Оваа го може само владата на ВМРО – ДПМНЕ“, рече Тодоровски.
На крај тој прашаза што ги потрошило Министерство за земјоделство 200.000 евра за купување на наменски возила за промовирање но и за информирање на земјоделците -искористени единствено во кампањата за локални избори и прибирање на гласови со низа интриги и лажење.
„Сега кога е потребно да ги информирате земјоделците вие тоа го правите само преку вашата веб страна“, истакна Тодоровски.