Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Враќање на џихадистите: Унгарија е против, Белгија би ги прифатила децата

0
By Нова ТВ on February 19, 2019 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 19, 2019 09:04

Нема договор на европско ниво за враќање на борците кои заминале да војуваат со таканаречената Исламска држава во Сирија, и покрај повиците на американскиот претседател Доналд Трамп, јави МИА од Брисел.

Трамп пред два дена ги повика земјите од Европската унија да ги земат назад борците на ИД кои останале во Сирија, но прашањето е исклучително чувствително, и не може да биде решено на ниво на ЕУ.

На вчерашниот состанок на министрите за надворешни работи во Брисел не е постигнат заеднички став по ова прашање, потврди шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини.

Додека некои земји се отворени за враќање под одредени услови и процедури, на некои од нивните граѓани кои заминале да се борат во Сирија, други земји остро се спротивставуваат.

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, порача дека не доаѓа предвид никакво враќање на борците во Европа.

-Ова е сигурно најголемиот предизвик за нас во следните месеци, нашиот главен напор сега треба да биде да не им дозволиме да се вратат во Европа и порача дека балканската рута треба да остане затворена.

Словачкиот министер, Мирослав Лајчак, се покажа пофлексибилен и порача дека поддржува враќање на борците.

Белгија, која е меѓу земјите со најголем број борци заминати на воените жаришта на Блискиот Исток во последните години, смета дека треба да бидат примени сите деца на џихадисти до десет години, и дека секој случај ќе биде анализиран повторно. Останува проблемот за тоа дали треба да им биде дозволено враќање и на мајките на овие деца. Граѓанските организации за заштита на правата на децата во Белгија оценуваат дека земјата има обврска да им даде дозвола и на мајките да се вратат, но безбедносните служби не се уверени дека сите тие жени не претставуваат опасност, во секој случај, најверојатно е дека ќе мораат прво да одлежат затворски казни доколку се утврди дека биле дел од терористички активности.

Со слични дилеми се соочува и Франција, но и Германија.

Германскиот министер, Хајко Мас, истакна дека немаат доволно средства да проверат дали нивните државјани се навистина засегнати.

-Властите треба да проверат во која мера тие биле инволвирани во борбите на ИД, што би значело отворање на кривични процедури против нив, тие лица можат да се вратат во Германија само ако можеме да се осигуриме дека веднаш ќе бидат притворени, рече Мас.

ЕУ нема надлежности да го решава овој проблем, но може да помогне со координација меѓу земјите, изјави вчера високата претставничка за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини.

-Ова останува национална надлежност но им понудив на земјите членки пристап до нашите служби за да работат врз идеи за координација на ставовите, да ги истражат разните можности да се справат со прашањето, изјави Могерини, што би можело да значи размена на информации, прецизираат дипломатски извори.

Доналд Трамп побара од европските земји да примат назад 800 џихадисти заробени од страна на САД во Сирија, во контекст на сѐ поизвесен колапс на Исламскиот Калифат во Сирија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.