Зоолошката градина во Скопје наскоро ќе биде целосно адаптирана за посета на лица со оштетен вид. Ова е договорено на денешниот состанок на директорот на Зоолошка градина-Скопје, Ѓорѓи Галетановски со директорот на државното училиште за деца и младинци со оштетен вид, Горанчо Јакимов, секретарот на Национален сојуз на слепи, Стерија Димов, и професорот на Штуловиот универзитет, Шпетим Љатифи.
-Мислам дека ќе бидеме прва Зоолошка во Европа која ќе биде оспособена на ваков начин, а имаме и општествена одговорност заеднички да се заложиме оваа институција да биде адаптирана за луѓето со оштетен вид, бидејќи и тие ни се чести и добредојдени гости. Ќе поставиме специјални тактилни патеки, информативни табли со звуци и Браево писмо и ќе ги обучиме нашите кадри за нивна едукација, изјави Галетановски.