НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бектеши нема да бара од сестра му и од сопругата на шурата да дадат отказ

0
By Нова ТВ on February 20, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за економија Крешник Бектеши изјави дека не чувствува морална одговорност и нема да побара од неговата сестра да го напушти работното место во АД МЕПСО, бидејќи, како што рече, не е вработена во Министерството за економија, полнолетна е, не живее со него, мажена е и сама одлучува за својот живот. Морална одговорност би чувствувал, како што рече, единствено ако се утврди дека влијаел за некое вработување, но гарантира дека тоа не го направил за никој од своите роднини.

-Не сум влијаел да се вработи во МЕПСО и немам право да барам да се повлече од работното место. Како што немав влијание при вработувањето на мојата сестра во МЕПСО, така не би требало да имам влијание и да побарам да се повлече или да не се повлече од работното место. Тоа ќе биде нејзина одлука. Како што не влијаев да се вработи, немам право да и кажам каква одлука да преземе за нејзиниот статус, изјави Бектеши во одговор на новинарско прашање по отворањето на тематската јавна расправа за предлог законот за енергетска ефикасност во Стопанската комора на Македонија.

Тој нагласи дека во демократија не може да се очекува од лицата кои ги водат институциите во земјава да се мешаат во одлуките на нивните роднини што сакаат да работат и во која насока ќе се движи нивниот живот. Наведе дека во Министерството за економија не е вработен ниту еден од неговите роднини.

На прашањето дека во меѓувреме во АД ЕЛЕМ се вработила Нертила Усеини Каба, сопругата за братот на неговата сопруга, Бектеши одговори дека нема никаква карвна поврзаност меѓу нив, тој живее во Скопје, а таа во Струга и посочи дека немал можност да влијае на нејзиното вработување исто како што немал и за вработувањето на сестра му.

-Во надлежност на Министерството за економија со новото решение е само Македонски енергетски ресурси. Другите енергетски компании не се во надлежност на Министерство. МЕПСО е во надлежност на Министерството за транспорт и врски, а ЕЛЕМ во надлежност на Владата, потенцира Бектеши и додаде дека вршителите на јавни функции секојдневно би требало да даваат објаснување ако од нив се бара да кажат за вработувањето на „четврто, петто и седмо колено и за сопругата на братот на жената на министерот“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.