Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

27 април: Груевски со Ристовски и Јанакиески ги координирале протестите и упадот во Собрание

0
By Нова ТВ on February 21, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, February 21, 2019 11:57

Јавниот обвинител Љубомир Јовески и обвинителката за организиран криминал Вилма Русковска на прес конференција ги соопштија деталите од предистрагата  за осомничените кои го организирале упадот во Собранието од 27 април и за кои од вчера почнува истрага.

-Во наредбата за истрага стои дека осомничениот Н.Г. тогаш како претседател на политичка партија ги повикал преку медиуми граѓаните на протести и заедно со другите обвинети за таа цел ја ставиле во функција целата структура на таа политичка партија. Имаме и пораки од телефонска комуникација – дел се обезбедени, на дел се уште се работи, рече Русковска.

Говорејќи со иницијали за осомничените, Рускоска посочи дека, за цело време имало координација меѓу Груевски, Миле Јанакиески, Спиро Ристовски кои контактирале со градските, општински комитети на партијата за масовно присуство на протестите. Други детали не се соопштија за да не се наштети на истрагата.

Истрагата може да се прошири и на други лица. Не е доволно само сведочењето на едно лице за да можете да покренете истрага, треба да имате и други докази рече Русковска.

Доколку се обзебедат дополнителни докази, ќе се прошири листата на организатори.

Бошкоски не е амнестиран за 27 април и може да биде екстрадиран

Меѓу осомничените лица кои го организирале насилството на 27 април е и побегнатиот разузнавач Никола Бошковски, кој е во Грција. Доказите на Обвинителството за организиран криминал и корупција ќе бидат доставени до Судот кој треба да испрати барање до Министерството за правда за екстрадиција на Бошковски од Грција.

-Сметам дека надлежните органи во Грција ќе удоволат на барањето за екстрадиција на нашите надлежни органи, бидејќи колку што ми е познато, екстрадицијата беше одбиена, бидејќи  веќе бил помилуван. За ова кривично дело не е помилуван и затоа очекувам позитивен одговор, рече Русковска.

Таа појасни дека со Законот за амнестија не  се амнестира кривичното дело туку поединечни дејствија. Затоа смета дека Законот за амнестија не би бил каква било пречка, бидејќи таму е стрикно наведено дека тој не важи за организаторите.

Русковска: Доколку вратите не беа отворени, немаше да се случи крвавиот настан

На прашањето зошто Груевски не бил повикан на распит, иако уште во март лани кога беше објавено обвинението за 27 април бил споменат телефонскиот разговор од Виена, Јовески одговори дека обвинителството смета дека во овој специфичен и сложен предмет му требаа повеќе докази и откако оебзбеди, отвора истрага. Во тој момент ОЈО сметало дека со тој распит немало да со добие ништо и затоа тоа лице не е повикано ни како сведок ни како лице од кое се бара појаснување.

На новинарско прашање, дали смета дека доколку вратите не биле отворени, немало да се случи крвавиот настан, Рускоска изјави.

-Јас сметам дека доколку не беа отворени, вратите немало да се случи крвавиот настан.

Рускоска најави дека доколку се обезбедат и други докази освен изјава на еден обвинет или еден сведок., истрагата ќе биде проширена и до други.

Исто така беше најавено дека предметот за Владимир Атанасовски, екс шефот на УБК ќе биде споен со овој сите ќе се товарат за исто кривично дело- 313 од КЗ. – Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Ниту јавниот обвинител Јовески, ниту Русковска не сакаа да  говорат во детали за улогата на секој од осомничените поединечно, бидејќи како што рекоа, со тоа би ја  загрозиле целата постапка и истрага.

На осомничените им е одреден притвор поради опасност од бегство.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.