Published: Thursday, February 21, 2019 21:31
Директорот на болницата „8-ми септември“, Христијан Костов на прес конференција пред болницата рече дека кај Миле Јанакиески не биле евидентирани никакви повреди.
Јанакиески бил примен во болницата околу 16 часот.
„По приемот во урентниот центар дежурна екипа од специјалисти детално го прегледале. Биле направени различни испитувања – крвни слики, ехо, компјутерска томографија. Не се евидентирани повреди“ рече Костов.
Костов додаде дека не се утврдила потреба од хоспитализација, но поради тврдењето на Јанакиески дека бил удиран, од болницата препорачале во наредните 24 часа да биде под надзор на медицинско лице.
„За секој контакт со лицето е одговорна полицијата“, рече Костов на прашањето зошто не му било дозволено на претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски да го посети.
Директорот на затворот Шутка, Ѓоко Котевски на прес конференција која ја одржа пред затворот кажа дека денеска имало два инциденти во затворот кои биле испровоцирани од притворените Спиро Ристовски и Миле Јанакиевски.




