Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Миле Јанакиевски е вратен во Шутка – не му се констатирани телесни повреди

0
By Нова ТВ on February 21, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, February 21, 2019 20:10

Директорот на затворот Шутка, Ѓоко Котевски на прес конференција која ја одржа пред затворот кажа дека денеска имало два инциденти во затворот кои биле испровоцирани од притворените Спиро Ристовски и Миле Јанакиевски.

Првиот инцидент се случил околу 13 часот кога за време на редовна прошетка на притвореници дошло до вербален инцидент предизвикан од лицето Спиро Ристоски кон лицето Л.К. кој подоцна преминал во лесна физичка пресметка која била веднаш прекината од службите на затворот.

Околу 13.45 часот, повторно за време на редовна прошетка на притворениците дошло до друг вербален инцидент предизвикан од лицето М.Ј. кон лицето Е.К. кој подоцна преминал во физичка пресметка која била веднаш прекината од службите на затворот.

„Во шеталиштата има по еден затворски чувар. Не поминуваат повеќе од две минути од  моментот на пријавување на инцидентот до реакција од чуварите. Брзо се реагира, но сепак ние  започнавме постапка и ако има пропусти во протоколите, чуварите ќе бидат санкционирани“ рече Котевски.

На местото на инцидентот има и видео камери, а веќе се земени изјави на сите кои биле присутни во дворот на затворот кога се случиле инцидентите.

На прашање од новинарите како ги коментира изјавите на сопругите на притворените, директорот напомена дека не се точни наводите дека Јанакиевски и Ристовски биле заедно и дека најпрво бил нападнат едниот, па другиот како што тврдеа тие.

„Едното од лицата (н.з Миле Јанакиевски) и претходно три недели беше во затворот и немаше никаков инцидент. Има и други лица со звучни имиња и досега немало никаков инцидент“ рече Котевски.

Спиро Ристовски бил прегледан од домскиот лекар и не побарал да оди во болница. Миле Јанакиевски се жалел на повреди на главата и бил пренесен во болницата „8 септември“.

Од болницата изјавија дека Јанакиевски анамнестички (по вербално кажување) се пожалил на болки по телото и главата. По извршениот соодветен клинички лекарски преглед, не се констатирани никакви телесни повреди.

Миле Јанакиевски веќе е вратен во затворот во Шутка.

Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски се притворени по барање на Обвинителството за организиран криминал за организирање на упадот во  Собранието од 27 април. Тие добија 30 дена притвор.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.