Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска ги демантираше информациите кои се појавија во јавноста, а се шират преку социјалните мрежи за наводно зголемен број исчезнати лица, а за починатите дека биле пронаоѓани без органи.
-Апелирам до граѓаните на одговорен однос и на одговорен пристап, затоа што најлесно е да седите пред компјутер и да напишете нешто на социјалните мрежи што ќе ги вознемирува дополнително граѓаните, изјави Спасовски.
-Вчера прочитав информации за некакви исчезнувања, па наводно потоа биле наоѓани без одредени органи. Апсолутно ги демантирам овие работи. Сите овие случаи на исчезнати лица пронајдени починати се врши обдукција на нивните тела и извештаите точно се знаат, рече Спасовски, додавајќи дека во ниту еден момент нема простор за паника.
МВР на Фејсбук страницата синоќа најави дека за оние кои намерно ја вознемируваат јавноста, ќе бидат преземени законски мерки.




