Со кралски указ објавен денеска, Саудиска Арабија го замени својот амбасадор во Вашингтон и на негово место ја именуваше принцезата Рима бинт Бандар.
Функцијата во САД досега ја извршуваше принцот Калед бин Салман, брат на моќниот престолонаследник, принцот Мохамед бин Салман. Во иднина тој ќе биде заменик министер за одбрана.
Принцезата Рима бинт Бандар е првата жена амбасадор на Саудиска Арабија.