Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МЗШВ: Откупени 90 отсто од договорените количини тутун за 241,3 денари по килограм

0
By Нова ТВ on February 24, 2019 ПОЛИТИКА
Фото: sovremenozemjodelstvo.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, February 24, 2019 14:10

Откупот на тутунот од реколтата 2018 година е при крај и досега се откупени 90 отсто од договорените количини. Од Министерството за земјоделство информираат дека заклучно со 22 февруари откупени се околу 25 милиони килограми со просечна цена од 241,34 денари по килограм. Од страна на откупните претпријатија досега на тутунопроизводителите се исплатени над пет милијарди денари, односно, 96 проценти од откупените количини тутун.

Во годинашната реколта се засеани 14.802 хектари со тутун, а склучени се 34.104 договори со девет откупни претпријатија. Вкупната договорена количина за откуп изнесува над 29 илјади тони тутун, а откупот завршува на 15 март. Од ресорното Министерство информираат дека подрачните единици пријавиле 23.430 издадени евидентни листови што споредено со реколтата во 2017 година изнесува зголемување за 57 евидентни листови и се склучени над 4.700 повеќе договори.

„За зголемениот интерес големо влијание имаше високата откупна цена на тутунот од реколтата во 2017 година што изнесуваше 217,60 денари за килограм, како и новиот модел на зголемени субвенции според кој за прва класа е 80 денари за килограм, за втора класа е 70 денари и 60 денари за трета класа и дополнителните класи“, велат од ресорното Министерство.

Оттаму додаваат дека новата производствена реколта ќе стартува според постоечкиот Закон за тутун и тутунски производи и оти и годинава ќе се издаваат евидентните листови, односно, т.н „бели картони“.

Овие евиденти листови ќе бидат укинати со новиот Закон за тутун, производи од тутун и сродни производи кој е во собраниска процедура. Укинувањето ќе биде од 2020 година со што ќе се намалат административните процедури и тутунарите ќе склучуваат договори директно со откупните претпријатија. Со новиот Закон за тутун се предлагаат и одредби за уредување на сродните тутунски производи и тоа несогорливи производи од тутун, електронски цигари и растителни (билни) производи за пушење. Одредбите од законот кои се однесуваат на поимите дефинирани за несогорлив тутун и електронска цигара ќе бидат употребени за определување на надоместок согласно Законот за акцизите од 1 јули во 2019 година.

Министерство откуп Тутун
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.