Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Курц: Подобро би било да се одложи Брегзитот

0
By Нова ТВ on February 24, 2019 СВЕТ
Себастијан Курц
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, February 24, 2019 19:26

Доколку пратениците во британскиот Парламент до почетокот на март не го одобрат Договорот за Брегзит, подобро би било Велика Британија да го одложи напуштањето на ЕУ, изјави денеска австрискиот канцелар Себастијан Курц.

– Доколку до почетокот на март не биде обезбедна поддршка за Договорот за истапување, постигнат меѓу Лондон и Брисел, мислам дека би било подобро да се одложи Брегзитот, изјави Курц по пристигнувањето во Шарм ел Шејк, каде ќе учествува на дводневниот Самит на ЕУ и Арапската лига.

Во обид да добие дополнително време за да успее да издејствува нови отстапки од ЕУ, особено во врска со одредбата за „ирската граница“, британската премиерка Тереза Меј го одложи новото гласање за Договорот за Брегзит во Парламентот во Лондон за 12 март, односно на нешто повеќе од две недели пред планираното британско напуштање на Унијата.

Меј денеска по пристигнувањето во Шарм ел Шејк изјави дека Лондон и Брисел постигнале „начелен напредок“ во преговорите за Брегзит и дека се уште е можно Велика Британија да ја напушти ЕУ на 29 март со постигнат договор, како и што беше планирано.

– И натаму на дофат на раката ни е можноста за истапување од ЕУ на 29 март со постигнат договор, изјави Меј, нагласувајќи дека на последните средби британските преговарачи со ЕУ постигнале „добар напредик“ и имале „конструктивни разговори“.

Лондонските медиуми најавуваа дека на Самитот во Шарм ел Шејк, Меј ќе се обиде „да извлече дополнителни отстапки“ од лидерите на ЕУ, но неименуван висок претставник на Унијата ја отфрли таквата можност. – Нема да има договор во пустината, изјави европскиот претставник.

Спорната одредба за „ирската граница“ предвидува статусот на границата меѓу членката на ЕУ, Република Ирска и британската покраина Северна Ирска да остане непроменет и за време на преодниот период по Брегзит, што би требало да трае до крајот на 2020 година, во кој треба да се најде конечно решение.

Но, тврдокорните приврзаници на Брегзитот, пред се во редовите на Конзервативната партија на Меј, не се согласуваат со ваквата одредба во Договорот, бидејќи стравуваат дека со тоа Велика Британија би можела да остане „врзана за ЕУ, можеби и на неопределено време“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.