Севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун и американскиот претседател Доналд Трамп денеска треба да пристигнат во главниот град на Виетнам, Ханој.
Ким пристигна со воз на железничката станица Донг Данг, оддалечена четири километри од границата со Кина.
Патиштата од границата со Кина до Ханој, во должина од околу 170 километри, беа затворени, а припадници на војската и на полицијата се менуваа околу хотелот „Мелиа“, каде е сместен Ким.
Трамп синоќа полета од Вашингтон и треба да слета на меѓународнито аеродром Нои Баи.
Американскиот претседател на Твитер објави дека се радува на „многу продуктивен самит“ со Ким.
Севернокорејскиот лидер на 23 февруари тргна од Пјонгјанг со воз во придружба на високи владини претставници и неговата сестра, за во Ханој да стигне на Самитот што е закажан на 27 и 28 февруари.
Самитот во Ханој е прва средба помеѓу Трамп и Ким по „историската средба“ во Сингапур по осум месеци, на која ветија дека ќе работат за целосна денуклеаризација на Корејскиот Полуостров.




