Во германскиот град Бенсхајм, спасувачите добија невообичаен повик – буцкаст глушест имаше потреба од помош, откако сакајќи да излезе се заглавил во отвор на улична шахта – пренесе „BBC“.
Спасувачот на животни, Михаел Сехр, за локалните медиуми изјави „глувчицата во текот на зимата наталожила многу маснотии и затоа се заглавила на половина од отворот на шахтата“.
Беше спроведена голема акција за спасување на глувчицата, проследена со прашањето зошто се вложува толку напор за спасување на канализациски глушец.
– Дури и животните кои се омразени од многумина заслужуваат почит – рече спасувачот Сехр.
Пожарникарите волонтери во неделата реагираа по повикот за спасување на животинчето – велат од локалната пожарникарна служба.
Спасувачот на животни веќе бил кај шахтата кога пристигнале пожарникарите, но тој не успеал сам да ја спаси глувчицата.
Со помош на целиот тим од пожарникари, капакот од шахтата бил изваден и дебелата глувчица била спасена.
Таа веднаш била вратена во канализацијата, откако љубопитните фотографи успеале да направат неколку зумирани фотографии.
Откако за случката било објавено на Фејсбук страницата на спасувачите на животни, следувале коментари во кои луѓето го поздравуваат потегот за спасување на животното кое најчесто е мета на истребување.
Спасувачот Сехр како награда добил рачно нацртана слика од малото девојче кое прво ја забележало глувчицата заглавена во шахтата.