Published: Tuesday, March 5, 2019 12:17
Поранешниот германски министер за надворешни работи Клаус Кинкел почина на 82 годишна возраст. Лидерот на слободните демократи, Кристијан Линднер изјави дека Кинкел починал вчера по борбата со тешка болест.
Кинкел на функцијата беше од 1992 до 1998 година. Тој исто така беше заменик канцелар на коалицијата меѓу слободните демократи и конзервативниот блок во тоа време.




