НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дупка во буџетската каса на Фондот за ПИОМ

0
By Нова ТВ on October 24, 2013 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Загрижувачки ревизорски извештај за финансиската кондиција на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување изготви Државниот завод за ревизија. Неповолната финансиска состојба во Фондот за ПИОМ се неостварените проекции за зголемување на вработеноста, како и неостварените проекции за пораст на платите, констатираат ревизорите, објавува порталот Фактор.

Според податоците во извештајот, загрижувачки е податокот дека дупката во буџетската каса на Фондот секоја година се повеќе се продлабочува, а дополнително се обелоденува и дека поради недостиг на пари, Фондот за ПИОМ на крајот од минатата година не им префрлил пари на приватните пензиски фондови.

Финансиската состојба на Фондот за ПИОМ не е на завидно ниво – покажува извештајот на Државниот завод за ревизија. Според ревизорите неповолните економски параметри имаат влијание и врз фунционирањето на Фондот.

„На финансиското работење на Фондот во 2012 година влијание имаше намалување на стапката на придонесот за пензиско и инвалидско осигурување како и неостварените макроекономски индикатори за зголемување на вработеноста и порастот на платите на вработените кои имаат директно влијание врз остварувањето на приходите од придонесите“, стои во извештајот на ревизорите.

Ревизијата забележува дека од година во година се повеќе расте дупката во буџетот на Фондот која мора да се покрива со пари од централниот Буџет. Потенцирано е дека законската обврска преку пресметување и плаќање на придонесот не обезбедува доволно средства за вршење на дејноста на Фондот, поради што дупката се покрива со средства од Буџетот на РМ. Особено е за истакнување, велат ревизорите е дека висината на дефицитот во буџетската каса на Фондот има тренд на зголемување секоја година, движејќи се од 6% во 2008 година па се до дефицит кој изнесува од 22% во 2012 година.

„Зголемувањето на бројот на корисниците на пензија како и усогласувањето на пензиите во 2012 година влијаеше на недостаток на средства за исплата на пензии поради што секоја година се зголемува зависноста на Фондот од позајмување на буџетски средства од основниот Буџет на РМ. За покривање на буетскиот дефицит исплатени се средства од Буџетот на РМ во износ од 10.219.220 .000 денари што претставува учество од 22 % ,алармираат ревизорите.

Во споредбата која ја направиле во извештајот, ревизорите констатираат дека буџетскиот дефицит на Фондот минатата година е зголемен за 1.864.050.000 денари, односно за 3%, во однос на 2011 година.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.