НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Германски „Шолц“ најверојатно ќе биде новиот концесионер на Дрисла

0
By Нова ТВ on March 7, 2019 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Германската фирма „Шолц“ ќе биде концесионер на депонијата „Дрисла“, потврдиле за порталот САКАМДАКАЖАМ.МК од Кабинетот на скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

Бодувањето на понудите на тендерот од 2011 година е завршено и според тоа германски „Шолц“ е прворангиран.

-В среда ќе биде закажана вонредна седница на Советот на Град Скопје на која единствена точка на дневен ред ќе биде избор на нов концесионер на депонијата. Одлуката ќе биде конечна откако Советот ќе ја изгласа и тогаш ќе бидат соопштени условите под кои идниот концесионер ќе ја управува депонијата, изјавиле од кабинетот на Шилегов

Комисијата формирана од градоначалникот Петре Шилегов деновиве извршила бодување на трите фирми кои на тендерот објавен во 2011 година доставиле понуди и влегле во втората фаза, а тоа се италијанската „ФЦЛ Амбиенте“, германската „Шолц“ и австриската „АСА“.

Во моментов „Дрисла“ е под концесијата на италијанската фирма „ФЦЛ Амбиенте“, поради што и германски „Шолц“ со години водеше судски процеси поради нерегуларности во тендерската постапка.

Советниците од СДСМ во градското собрание повеќепати покренуваа расправи откако Управниот суд во два наврати донесе одлука за поништување на тендерот. Но тогашниот градоначалник Коце Трајновски и дирекорот на Дрисла Горан Ангелов го бранеа италијанскиот концесионер.

Ангелов неодамна во интервју за 1ТВ рече дека генератор на се што се случува околу Дрисла е Управниот суд, нод ека се надева оти Шилегов ќе се заземе за ставање крај на целиот процес и Италијанците ќе можат да почнат со инвестицискиот циклус.

Дрисла од неодамна повторно е во фокусот, но поради сомневањата дека придонесува за енормното загадување на воздухот.

Иако беше најавено дека ќе биде донесена најсовремена печка за согорување на медицински отпад, таа се уште ја нема, а во меѓувреме се расипа и филтерот кој беше привремено решение додека да биде инсталирана новата печка.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.