Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Основачите на платформата за детска порнографија „Елизиум“ осудени од 4 до 10 години затвор

0
By Нова ТВ on March 7, 2019 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 7, 2019 13:04

Судот во германскиот град Лимбург денеска изрече долгогодишни затворски казни за четворицата мажи кои ја основале и раководеле со „Елизиум“, една од најголемите платформи во светот за детска порнографија.

Регионалниот суд во Лимбург пресуди дека тие ја основале, управувале и користеле една од најголемите платформи за детска порнографија во светот. Еден од обвинетите, 63-годишен маж, исто така беше прогласен за виновен и за сексуално малтретирање на две мали деца.

Судот донесе пресуди кои се движат од само четири години до речиси 10 години затвор, додека Обвинителството бараше девет години затвор. Сите четворица во најголем дел ги признаа  обвиненијата.

Во моментот кога платформата беше затворена, во јули 2017 година, имаше дури 111.000 корисници. Таа беше ориентирана кон меѓународни корисници, а разговорите се воделе на германски, англиски, француски, шпански и италијански јазик. Со платформата е управувано од Германија, а на педофилите ширум светот им било овозможено да гледаат фотографии и видео-материјали со натешко злоставување деца. Серверот за „Елизум“, наречен според некој вид рај од грчката митологија, се наоѓал во авто-работилницата на еден од осудените.

Тие не беа обвинети за здружено дејствување, бидејќи и воопшто не се познавале меѓу себе. Тоа е можно поради спецификите на „Даркнет“, односно делот од Интернетот кој овозможува анонимна комуникација со посредство на специјални пребарувачи како „Тор“. На тој начин, благодарејќи на различни техники, двајца корисници можат да воспостават безбедна врска и да разменуваат податоци кои другите корисници не можат да ги видат.

За дилерите кои се занимаваат со детска порнографија, посебно е атрактивно тоа што таа приватна мрежа може да се прошири со дополнителни контакти и секој контакт да остане неповрзан со класичниот интернет. Односно, не постои еден „Даркнет“, туку бројни мали и големи мрежи.

Платформата за секоја перверзија нудела посебна категорија: мали деца и бебиња, девојчиња и момчиња, фетиш дел со садо-мазо или содомија.

Според полициската статистика, во изминатата година во Германија 13.500 деца биле жртва на сексуално насилство и експлоатација, но експертите предупредуваат дека реалните бројки се значително поголеми. Светската здравствена организација проценува дека во Германија жртви на сексуално насилство се околу милион момчиња и девојчиња, или како што пресмета Дојче веле, по две деца од секое одделение

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.