The House of Jupiter или Куќата на Јупитер е новиот бренд за современ уникатен рачно изработен накит на Дафина Џепароска.
Дафина Џепароска се занимава со изработка на накит повеќе од 10 години, но никогаш како главна професија. Има учествувано на повеќе заеднички изложби во државата како и во Белгија. Во 2012 година го дизајнираше филигранското парче накит за претставничката на Република Македонија на Евровизија – Калиопи Букле.
При изработката на накитот користи најразлични видови на материјали, а во последната колекција најзастапено е среброто, керамиката, чешки кристали и стакло.
Накитот на Дафина Џепароска можете да го видите на следниов линк на Фејсбук- https://www.facebook.com/thehouseofJupiter.galaxycluster937/