Различни перспективи за начинот на борба за правата на жените на Искра Јанковска-Михајловска, архитект и Ирена Цветковиќ- Коалиција “Маргини”- дебатираат про и контра борбата за правата на жените.
Дали феминизмот во земјава може да се прогласи за мртов, затоа што женските права се веќе освоени, или само ги отсликува почетоците во борбата, која никогаш не може да заврши? Дали е во прашање само избор на жената за да посака да биде успешна или пак е резултат на наметнатата, покорена, понижена улога на жената во општеството? Дали работничките права се проблем, а активистите погрешно ги дефинираат како женски права, или пак проблемот е уште подлабок и повеќеслоен, затоа што жените немаат ниту работнички, ниту пак женски права?