Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Субвенции за компаниите кои ќе произведуваат струја со соларни панели

0
By Нова ТВ on March 10, 2019 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, March 10, 2019 15:39

Од државниот буџет ќе финансираат 200 мегавати фотоволтаични електрани.

Владината мерка денеска на прес-конференција ја презентираа вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и министерот за економија Крешник Бектеши.

Анѓушев рече дека Република Северна Македонија досега, иако е одлична дестинација по однос на сончева радијација, има изградено само 18,4 мегавати инсталирана моќност во фотоволтаици, и затоа е многу важно да се отпочне со развивање на оваа дејност  на максимално транспарентен начин, согласно однапред пропишани процедури кој и на кој начин може да гради.

„Идејата е да се изградат 200 мегавати поддржани од Владата, поддршката ќе биде согласно премиум тарифите, тоа значи дека сите инвеститори на фотоволтаични електрани својата електрична енергија ќе ја продаваат на слободниот пазар, а од државата ќе бидат потпомогнати со т.н премиум, што функционира во сите развиени земји во Западна Европа, и тој премиум на крајот на годината ќе биде плаќање, за да овие проекти бидат пофизибилни и поисплатливи за идните инвестирор“.

„ Тој што ќе побара помала субвенција, односно премиум од страна на државата, а притоа да ги исполнува техничките карактеристики и критериуми во тендерската постапка, ќе биде добитник на локацијата за која ќе се издава одобрение за градба за фотоволтаична електрана“ рече Анѓушев.

Анѓушев рече дека, имајќи предвид оти најголем проблем на сите инвеститори е како да дојдат до градежна дозвола, односно да ги решат бирократските постапки, од аспект на урбанизација, на трансформација на земјиште, како и приклучок на мрежа, државата ќе ја преземе грижата во овој дел на постапките.

„ Првиот модел на кој ќе се прават фотоволтаични електрани е на државно земјиште, за што ќе распишеме транспарентна аукција од 35 мегавати во прва фаза. За таа цел одбравме две локации, едната локација е во Свети Николе. На таа локација ќе имаме парцели на кои може да се изгради една десет мегаватна фотонапонска електрана, една петмегаватна, две четиримегаватни, и шест по еден мегават. Оваа поделба на локации е со цел да има за сите типови инвеститори. На тој начин овде ќе бидат изградени 25 мегавати. Втората локација што ја одреди државата е регионот на Македонски Брод, каде парцелата ќе се подели на две локации од по пет мегавати“ рече Анѓушев.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.