Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Брегзит: Од утрешното гласање зависи дали Британија на 29 март ја напушта ЕУ

0
By Нова ТВ on March 11, 2019 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 11, 2019 11:18

Пратениците во британскиот Парламент утре повторно ќе гласаат за Договорот за Брегзит, што лани во ноември го постигнаа Владата во Лондон и ЕУ.

Новото изјаснување за Договорот, што пратениците го отфрлија при гласањето во јануари, е закажано на помалку од три недели пред планираното истапување на Велика Британија од ЕУ.

При отфрлањето на Договорот на претходното гласање, пратениците побараа од британската премиерка Тереза Меј одново да преговара со Брисел за содржината на текстот, особено за делот околу „ирската граница“.

Спорната одредба за „ирската граница“ предвидува статусот на границата меѓу членката на ЕУ, Република Ирска и британската покраина Северна Ирска да остане ист каков што е сега и за време на преодниот период по Брегзит, што би требало да трае до крајот на 2020 година, во кој треба да се најде конечно решение.

Тврдокорните приврзаници на Брегзитот, пред се во редовите на Конзервативната партија на Меј, не се согласуваат со ваквата одредба во Договорот, бидејќи стравуваат дека со тоа Велика Британија би можела да остане „врзана за ЕУ, можеби и на неопределено време“.

По одбивањето на Договорот од страна на Парламентот во Вестминстер, лидерите на ЕУ ја отфрлија можноста за нови преговори за Брегзит, но сепак се согласија на разговори за допрецизирање на некои одредби и давање правни гаранции, со цел да се убедат британските пратеници да го поддржат договорениот документ. Сепак, засега не е постигнат значителен напредок во овие разговори.

Доколку пратениците утре повторно го отфрлат текстот, тогаш постојат две можности или Велика Британија да ја напушти Унијата на предвидениот датум без Договор, што би можело да предизвика потреси во самата земја, но и во ЕУ или пак Меј да побара одлагање на Брегзитот со цел да добие дополнително време за усогласување на условите за „разводот“ меѓу двете страни.

Во обраќањето во петокот Меј предупреди дека повтороното отфрлање на договорот би предизвикало „криза“.

– Поддржете го (Договорот) и Обединетото Кралство ќе ја напушти ЕУ. Отфрлете го и никој не знае што ќе се случи… (тогаш) можеби нема да ја напуштиме ЕУ со месеци. Би можеле да заминеме и без заштитните мерки што ги предвидува Договорот, а можеби и никогаш нема да ја напуштиме (ЕУ), им порача Меј на пратениците.

Под притисок на членови на нејзината Влада, Меј се согласи во случај Парламентот утре да го отфрли Договорот, пратениците в среда да се изјаснат за можноста за Брегзит без догвоор, а в четврток за евентално одлагање на британското напуштање на Унијата.

Во пресрет на утрешното гласање, „Дејли Мејл“ објави дека Меј ја загубила поддршката од речиси сите министри во нејзиниот Кабинет.

Според весникот, само двајца министри се уште и даваат поддршка на Меј, додека останатите „загубиле доверба во нејзината способност да раководи“.

„Дејли Мејл“, повикувајќи се на извори во Владата, неведува дека министрите сакаат Меј да поднесе оставка најдоцна до јули, со цел следниот лидер на Конзервативната партија да ја спроведе следна етапа од преговорите за напуштање на Европската унија ако Парламентот одобри Брегзит без договор со Брисел.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.