НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Ослободување на просторот“ – изложба во Музејот на современа уметност

0
By Нова ТВ on March 11, 2019 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Утре во 20 часот во Музејот на современа уметност Скопје ќе биде отворена изложба „Ослободува на просторот“, која ќе биде отворена за јавноста од среда (13.03) до 30 март.

Поставката Ослободување-на-просторот третира четири различни проекти изработени од четири тимови архитекти во соработка со кураторите: Проектот “Непријатна блискост“го преосмислува објектот ЦК СКМ, односно Владата на Р.Македонија; Проектот “Повторно поврзување“ го конципира просторот во комплексот ПОШТА; Проектот  “#Ослободување #Поврзување #Прочистување #Репрограмирање“ го третира платото пред МНТ; Проектот “Дестратификација Скопје“ ја преформулира фасадата и содржината на зградата на НА-МА.

Проектот и изложбата Ослободување-на-просторот ги отвора прашањата што во последниве години ги наметна насилната преобразба на идентитетот на Скопје. Во идеолошки ретроградната градежна офанзива наречена „Скопје 2014“, што го окупира средиштето на градот со недогледни колони на накитени стиропорни фасади и помпезни бронзени споменици, архитектурата и урбанизмот беа злоупотребени за крајно фриволно располагање со јавниот простор и за заробување, потиснување или негирање на претходните архитектонски достигнувања. Предлогот на кураторите Слободан Велевски и Марија Мано Велевска и четирите тимови архитекти собрани околу проектот Ослободување-на-просторот, кој беше претставен во македонскиот павилјон на 16. Интернационална изложба на архитектурата во Венеција во 2018 година поаѓа од враќањето и новото осмилување на вредностите на слободниот јавен простор во архитектонска и во општествена смисла.

Во текот на траењето на изложбата во Музејот на современата уметност ќе биде организирана и јавна трибина за прашањата иницирани со проектот Ослободување-на-просторот. Датумот и времето на одржувањето на трибината ќе бидат дополнително објавени.

Куратори се Слободан Велевски, Марија Мано Велевска, доека автори/учесници се : Дејан Ивановски, Филип Јовановски, Благоја Бајковски, Марина Торнатора, Лучија Ла Ѓуза, Алесандро Де Лука, Гордан Витевски, Мила Димитровска, Владо Данаилов, Александра Шулевска, Слободан Велевски, Марија Мано Велевска.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите

August 23, 2025

Третина од Германците се плашат дека ќе ја изгубат работата поради вештачката интелигенција

August 23, 2025

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.