Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Меј до пратениците: Гласајте за Договорот или можно е да нема Брегзит

0
By Нова ТВ on March 12, 2019 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 12, 2019 19:48

Британската премиерка Тереза Меј вечерва ги повика пратениците во Долниот дом на Парламентот во Лондон да гласаат за Договорот за Брегзит што нејзината Влада го постигна со Брисел, нагласувајќи дека во спротивно можно е Велика Британија да остане во ЕУ.

Во обраќањето пред Парламентот во пресрет на вечерашното гласање за Договорот, Меј побара пратениците „да ја стават демократијата пред партиските поделби или личните амбиции“.

Ваквиот апел на Меј доаѓа во услови кога се очекува дел од евроскептиците во редовите на нејзината Конзервативна партија да гласаат против Догвоорот и откако лидерот на опозициските лабуристи Џереми Корбин најави дека неговата партија не го поддржува договорениот текст за Брегзит.

– Работата е јасна… Оние кои сакаат да дојде до Брегзит, мислам дека треба да знаат дека ако вечерва не го усвоиме овој Договор, ризикуваме Брегзитот воопшто да не се случи, истакна Меј.

Главен спорна точка во Договорот за дел од британските пратеници е одредбата за „ирската граница“, која предвидува статусот на границата меѓу членката на ЕУ, Република Ирска и британската покраина Северна Ирска да остане ист каков што е сега и за време на преодниот период по Брегзит, што би требало да трае до крајот на 2020 година, во кој треба да се најде конечно решение, односно таканаречениот „бекстоп“.

Бекстопот е заштитна мерка за „ирската граница“ преку која треба да се избегне враќање на тврдата граница на ирскиот остров. Со оглед на тоа дека ЕУ и Велика Британија не можат да преговараат за идното трговско партнерство додека не се усвои Договорот за британското истапување од ЕУ, двете страни се договорија да воведат „бекстоп“, кој може да биде активиран доколку двете страни во иднина не се договорат за трговските односи. Целта на овој механизам е да се заштити заедничкиот пазар на ЕУ и царинската унија, без притоа да мора да се воведе физичка граница меѓу Република Ирска и Северна Ирска.

Тврдокорните приврзаници на Брегзитот, пред се во редовите на Конзервативната партија на Меј, не се согласуваат со ваквата одредба во Договорот, бидејќи стравуваат дека со тоа Велика Британија би можела да остане „врзана за ЕУ, можеби и на неопределено време“.

Во пресрет на денешното гласање, Меј синоќа во разговор со претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер успеа да обезбеди „правно обврзувачки“ промени во Договор за Брегзит, кои предвидуваат заштитен механизам за „ирската граница“.

Под притисок на членови на нејзината Влада, Меј се согласи во случај Парламентот по вторпат да го отфрли Договорот, пратениците утре да се изјаснат за можноста за Брегзит без договор, а доколку го одбијат и тоа, в четврток да гласаат за евентално одлагање на британското напуштање на Унијата, предвидено за 29 март.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.