Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сè повеќе градови во Холандија ги забрануваат балоните како закана по животната околина

0
By Нова ТВ on March 13, 2019 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 13, 2019 17:10

Сè повеќе холандски градови забрануваат летање балони, па така во 17 отсто од општините во моментов има забрана, покажува денеска објавената студија на еколошката организација Де Нордзе (Северно Море).

Една година претходно, забрана имаше во само пет отсто од општините. Освен тоа, 20 проценти од холандските општини силно советуваат против користење балони за време на прославите.

Неколку партии во холандскиот парламент сакаат да се наложат понатамошни забрани и изразија загриженост поради можната штета од остатоците од балони и пластичен отпад во Северното Море.

Според екологистите, балоните се опасни за морските цицачи, птици и риби, кои можат да се задушат од остатоците пластика. Освен тоа, отпадот од балони придонесува за загадување на морето и крајбрежјето.

Според студијата, особено морските птици се жртви на отпадот од балони. Истражувачите откриле дека во 20 проценти од случаите, причина за смрт на морските птици е пластика или отпад од балони. Неодамна Лорен Роман од Универзитетот во Тасманија во Австралија изјави дека балоните или делови од балонот се најсмртоносното ѓубре во морињата. Веројатноста за умирање од такви парчиња гума е околу 32 пати повисока отколку кај тврдите пластични делови, истакнуваат истражувачите за списанието „Сајантифик Рипортс“.

Еколошката организација Де Нордзе е посветена на борбата за генерална забрана за балони во природата. Според фондацијата, повеќето од забраните во Холандија се во крајбрежните области и на островите во Ваденското Море.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.