Претседателот на Србија Александар Вучиќ откако одржа прес конференција во Претседателството, не може да ја напушти зградата бидејќи демонстрантите ја пробија заштитната ограда и велат дека нема да се разотидат додека тој не си даде оставка.
Веднаш пристигнале и околу 15-на припадници на Жандармеријата, кои не им дозволуваат да се приближат.
Во меѓувреме, камион со демонстранти се наоѓа под полициска опсада и не им се дозволува да се приближат до зградата на Претседателството. Демонстрантите преговараат со полицијата да го одблокира камионот.
Српскиот претседател изјави дека камерите забележале оти бројката пред зградата на Претседателството изнесува 1.023 демонстранти, додавајќи дека оградата е пробиена.
Тој истакна дека не се плаши да држи прес-конференција во вакви услови, нагласувајќи дека „страв не смее да постои од хулиганот и фашистот Бошко Обрадовиќ и тајкунските лидери Драган Ѓилас и Вук Јеремиќ“.
– Мислеа дека нема да смеам да дојдам овде. Јас немам страв. Можам да го загубам само животот. Ќе продолжам да се борам за Србија и тоа нема ништо поважно, изјави Вучиќ на прес-конференцијата.
Шефот на српската држава, кој се обрати по повод синоќешниот упад на демонстрантите во зградата на РТС, истакна дека Србија нема да дозволи насилство.
https://www.youtube.com/watch?v=KqZFX4wDBQU&fbclid=IwAR1juBimzoQtPH8tdZOr-SfgNTLOjWRi-rbn1BX8CeIcqXjigl-fFgST0kM
Полицијата во Белград ноќеска спроведе акција за исфрлање од зградата на јавниот сервис РТС на демонстрантите кои по вечерашниот антивладиниот протест познат како „Еден од пет милиони“ влегоа во зградата и бараа да се обратат до јавноста преку јавниот сервис.
Дел од демонстрантите преводени од лидерот на Движењето Двери Бошко Обрадовиќ влегоа во просториите на РТС, но уредништвото на РТС не дозволи вонредно вклучување во програмата на РТС. Околу 21.30 часот полицијата започна акција на исфрлање на демонстрантите.
Полициската акција уследи по прес конференцијата на министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ кој ги повика демонстрантите да ја напуштат зградата и ги обвини за насилство и уништување на имот. Лидерите на Сојуз за Србија кои се организатори на протестите ги обвини за насилство и за закани кон новинарите, и се закани со прекршочни и кривични пријави за сите што вечерва влегле во РТС.
-Државата на ова ќе мора да одговори. Секој кој беше во зградата на РТС противзаконски, извршил насилство, се заканувал или на друг начин го кршел законот, ќе одговара икривично и прекршочно рече Стефановиќ.
https://www.youtube.com/watch?v=FNFX2yLruao
-Овие луѓе се восхитуваат на „македонското сценарио“ и велат дека е баш добро што некој е осуден на 18 години затвор затоа што дозволил некој да упадне во Собранието, а сега тие тоа го прават со упад во РТС, ги повикуваат луѓето на насилство, на кршење на закони и на продолжение на насилството кон новинарите на РТС, рече министерот за полиција.
Според Стефановиќ при упадот во РТС имало наводно претепани новинари, што опозиционерот Обрадовиќ го нарече лага.




