Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Протести Белград: 18 приведени, седум осудени на 30 дена затвор, двајца се гонат кривично

0
By Нова ТВ on March 18, 2019 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 18, 2019 14:09

По ултиматумот на опозицијата за ослободување до денеска до 15 часот на сите приведени по вчерашните протести во Белград и блокадата на Претседателска палата во која се наоѓаше претседателот на Србија, Александар Вучиќ, претпладнево се огласи српската полиција, јави МИА од Белград.

Како што изјави директорот на полицијата Владимир Ребиќ,од деветте лица кои во врска со протестите се изведени пред надлежниот суд, седум се осудени по итна постапка, од кои шест на казна затвор до 30 дена, а едно парично, додека две лица се гонат кривично.

Ребиќ во изјава за РТС нагласи дека при протестите се повредени шестмина полицајци и дека по овие настани полицијата ќе ја промени својата тактика.

– Сега, ако продолжат протестите, ќе мораме да ангажираме повеќе полициски службеници, изјави Ребиќ, порачувајќи дека полицијата ќе постапи исто ако има протест денеска во 15 часот.

Тој нагласи дека полицијата нема да дозволи насилство и дека ќе биде гонет секој што ќе изврши кривично дело или прекршок.

– Ги повикувам граѓаните да се воздржат и протестите да се во согласност со законот, порача директорот на српската полицијата.

По повод барањата приведените лица да бидат ослободени, Ребиќ истакна дека Србија е правна држава и дека полицијата не се меша во одлуките на другите надлежни органи.

Претседателот Вучиќ синоќа во интервју за ТВ Пинк изјави дека можел да излезе од Претседателската палата „во кое било време, но сакал да избегне некој да биде повреден“.

Тој им се заблагодари на сите оние кои вчера биле подготвени да дојдат да го заштитат од насилство.

Вучиќ не ја исклучи можноста од одржување на предвремени парламентарни избори, на кои, како што рече, повторно ќе победи, доколку „овие хистеричните не завршат со мене до Велигден“.

Тој оцени дека вчера е завршена голема работа, бидејќи народот „можел да види дека не може да има неказнето насилство“.

Министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ за ТВ Пинк изјави дека „насилните демонстрации на дел од опозицијата во изминатите два дена во Белград испратиле грда слика, предизвикувајќи голема штета на Србија и неразбирливо е што за овие настани не се огласи ниту една амбасада, ниту ЕУ.

– Очигледно, дека овие луѓе имаат некаква поддршка од Запад, оцени Дачиќ.

Но, портпаролката на Европската комисија Маја Коцијанчиќ денеска изјави дека „протестите се основна вредност и суштинска карактеристики на демократијата, што треба да се почитува, но и дека тие треба да останат мирни и во рамките на законите“.

Опозицискиот Сојуз за Србија (СзС), кој е еден од организаторите на протестите, порача дека се уште чека одговор на барањата за ослободување на приведените до 15 часот и излезе со тврдења дека немало напади врз позицијата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.