Published: Tuesday, March 19, 2019 09:07
Според властите, одлуката е донесена по „апсењето на главниот осомничен за нападот”.
Нивото на терористичка закана сега е на четврто ниво како и во останатиот дел од Холандија
Одлуката дојде набрзо откако полицијата објави за апсењето на прес конференција пренесувана од националната телевизија.
Три лица загинаа во вчерашниот напад, а петмина се повредени од кои тројца се со сериозни повреди, соопшти полицијата.
Таткото на осомничениот за нападот во трамвајот во Утрехт кој е роден во Турција, рече дека сака синот да биде казнет ако навистина е извршител на нападот.
– Ако го направил тоа, треба да биде казнет, изјави Мехмед Таниш татко на Ѓокмен Таниш.




