Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зошто се гони Стевчо Јакимовски

0
By Соња Петрушевска on March 19, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 19, 2019 13:17

На земјиштето кај поранешниот ресторан „Имес“, за кој денеска Обвинителството поради незаконска легализација го уапси поранешниот градоначаланик на Карпош Стевчо Јакимовски, зградите се веќе во завршна фаза и  се нудат за продажба.  На таблата пред објектите пишува дека инвеститор е фирмата „Дабар“ и дека проектот за градба бил одобрен од општина Карпош на 13 јуни 2017 година.

Обвинителството бара притвор за Јакимовски и уште две лица вработени во општината за незаконска легализација на поранешните објекти на овој плац,  а потоа и на земјиштето кај поранешниот ресторан „Имес“.

За незаконската продажба на ова земјиште се пишуваше уште во предизборната кампања за локалните избори.

Душко Весковски од СДСМ, тогаш обвини дека земјиштето во близина на поранешниот ресторан „Имес“ било продадено на фирмата „Гром промет ДООЕЛ“  за само 11 000 евра, за потоа да биде продадено на фирмата „Дабар ДООЕЛ“  за 600 000 евра.

Весковски во разговор за НОВА, денеска кажа дека сите обвинувања изречени во кампањата лесно можеле да се докажат.

Објектите кои биле од времен карактер најпрво биле незаконски легализирани,  а потоа и земјиштето со површина од 1.533 м3.

Пазарната вредност на земјиштето се проценува на 450 000 евра, а било откупено за 11 000 евра. За легализација на објектот во општината биле уплатени  180 000 евра. Истото ова земјиште, потоа било продадено на фирмата „Дабар“ за 600 000 евра.

Тогаш од општината објаснуваа дека земјиштето било продадено на фирмата„ Гром промет“ затоа што оваа фирма го користела објектот долги години, а потоа  и го откупила. Но, според пријавата од МВР, објектите кои ги користела фирмата биле од времен карактер и воопшто не можеле да биде предмет на легализација.  Според пријавата на MВР фирмата со легализацијата на објектот добила ексклузивно право да го откупи и земјиштето, а потоа и да го продаде.

Барањето за легализација било поднесено во 2011, а одобрено во 2015 година.

Освен „Гром промет“ според МВР, на ист начин со легализација на времени објекти на улицата „Илинденска“ сопственици на државно земјиште станале и фирмите „Емаг“ и „Дот Мебел“ и физичкото лице Т.К.

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
shortcut
ФОКУС
June 2, 2026

Дурмиши: Владата не размислува за мерки – цените на прехранбени производи се  стабилни

ВЕСТИ June 2, 2026

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вели дека цените на основните прехранбени производи се…

Украина: Масовен руски напад врз Кијив, девет лица загинаа, 51 лице е повредено

June 2, 2026

Иран: Ги прекинуваме сите комуникации со САД и целосно го блокираме Ормускиот теснец

June 1, 2026

Дуња Иванова обезбеди виза за директен настап на светското првенство во МТБ маратон

June 1, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.