НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: Брза помош ќе добие 12 нови возила, уште 8 ќе се пренаменат и доопремат

0
By Нова ТВ on March 19, 2019 ПОЛИТИКА
Архива
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Набавката на возила за Итна медицинска помош заврши, до крајот на месецот е рокот за испорака и ги очекуваме 12-те нови возила што ќе бидат распределени на повеќе места низ државата, а најмногу во Скопје. Со одлука на владата ќе преземеме осум комбиња од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство што биле наменети за некоја друга намена, но ќе може целосно да се пренаменат да бидат амбулантни возила и ќе се доопремат, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Посочи дека со овој дополнителен број од осум возила ќе го надополнат целокупниот систем на Итна помош ширум државата. Со оваа бројка на 12 возила што ги набавуваме и овие дополнително осум возила, нагласи, сосема доволно ќе се надополни капацитетот на возила кои недостигаат.

Според Филипче, не се проблем само возилата, проблем е и кадарот. Затоа, појасни, 40 доктори во следниот период после изборите ќе бидат примени во Здравствениот дом Скопје и насекаде ширум државата.

– Исклучително ме прави горд тоа што сите млади лекари после лиценцирањето и завршувањето на стажот во Лекарската комора ќе добијат шанса за работно место токму во оваа служба. Значи сите доктори кои ќе завршат во нашата држава ќе добијат платено работно место за време од предвидениот, согласно измената на Законот за здравствена заштита, стаж од шест месеци. На тој начин ќе им биде овозможен влез во здравствениот систем. Верувам дека ќе ги стимулираме и да се надградуваат дополнително на начин на кој ќе почнат да ги добиваат знаењата и искуството на основно ниво на примарна здравствена заштита во сферата на Итната медицинска помош. Овој тренинг што сега го воведуваме ќе значи наградување на нивната експертиза, а на тој начин ќе бидат стимулирани и да останат да работат во нашата земја, додаде Филипче по отворањето на едукативната обука за ИМП и менаџирање ресурси за унапредување на здравствениот систем.

Завршена физибилити студијата за Брзата помош, по изборите ќе следи јавна дебата

Постапката за физибилитити студијата и анализата на можностите и капацитетите на услугата „Брза помош/Pre-hospital Health Care” и домашна посета, со цел изнаоѓање најдобар модел за воспоставување на јавно-приватно партнерство заврши.

Од Министерството за здравство појаснија дека Друштвото за вештачења, консалтинг и обуки БАСМЕ-КТ ДОО Скопје е избрано на тендерот за изработка на физибилити студијата за можно јавно-приватно партнерство во Итната медицинска помош. Вредноста на склучениот договор изнесува 91.450 денари.

Министерот Филипче најави и други физибилити студии за друг тип јавно-приватно партнерство на многу други нивоа во здравствениот систем. Посочи дека постојат медицински установи и болници на различно ниво за кои средствата што ги троши ФЗОМ може да се искористат поефикасно и да се зголеми пристапот и квалитетот на здравствената услуга. Во овој момент, нагласи, заедно со Фондот правиме финансиска анализа на многу институции во државата, регионални болници, центри за физикална терапија и сите институции во кои има многу трошоци, а нема навистина ефикасно и ефективно работење.

– Секаде каде е можно да вложи потенцијално приватен партнер согласно искуствата од развиените земји, сметаме дека треба да се направи таква физибилити студија. Сите наши планови по завршување на претфизибилните анализи и активности заедно со Фондот сакаме да ги презентираме на дебата, за да кажеме што е тоа што ни дава мотив да мислиме дека такви проекти може значајно да го зајакнат системот, рече Филипче по отворањето на едукативната обука за ИМП и менаџирање ресурси за унапредување на здравствениот систем.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.