Претседателот на Казахстан, Нурсултан Назарбајев (78) денеска поднесе оставка од функцијата.
– Одлучив да поднесам оставка, изјави Назарбајев во снименото обраќање до нацијата, истакнувајќи дека одлуката што ја донел не била воопшто лесна.
Тој претседателската функција ја извршува од 1990 година, од кога немаше противкандидат на изборите, кои беа постојано криикувани од странските набљудувачи.
Тој дојде на власт во 1990 година како прв секретар на Комунистичката партија на Казахстан уште кога земјата беше советска република. По независноста, тој беше резибран во 1999, 2005, 2011 и последно во 2015 година. За време на своето владеење, тој инсистираше дека се занимава со едкономските реформи и одбиваше да го демократизира политичкиот систем.
Согласно Уставот на Казахстан, наместо Назарбајев, до крајот на неговиот мандат во 2020 година, шеф на државата ќе биде претседателот на Горниот дом на Парламентот, Хашим-Јомрат Токајев од партијата на Назарбајев, Нур Отан.




