НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ана Бландијана – добитник на наградата „Златен венец“ на СВП за 2019

0
By Нова ТВ on March 21, 2019 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Романската поетеса Ана Бландијана е лауреат на годинашниот „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата.

Одлуката денеска, на Светскиот ден поезијата, ја соопштија дирекцијата и Управниот одбор на СВП, чие 58-мо издание традиционално ќе се одржи на крајот на август.

„Златниот венец“ на Ана Бландијана ќе и биде врачен на меѓународниот поетски митинг „Мостови“ на затворањето на Струшките вечери на поезијата.

Поетеса и борец против режимот на Чаушеску

За мене како романски поет, овој легендарен венец е поважен од која било друга европска награда. И тоа не само затоа што е една од најстарите книжевни награди во светот, туку затоа што пораснав и станав поет под речиси митската аура на поетскиот фестивал крај струшкиот мост…

Ова, меѓу другото, го пишува во пораката по повод прогласувањето за лауреат на 58. Струшки вечери на поезијата Ана Бландијана – псевдоним на 77-годишната  поетеса од Романија – Отилија Валерија Коман. Таа се вбројува меѓу најдобрите современи европски поети, ѝ припаѓа на поетската генерација од 1960-тите години и е заслужна за афирмацијата на модернизмот во романската литература и поезија.

Во беседата за Бландијана и за нејзиното творештво, Шелева рече дека таа е и борец што стои на страната на правдата и вистинските вредности.

-Ана Бландијана е несомнено моќен и впечатлив поетски глас, но таа денес, не помалку е и симбол на бунтот против тоталитаризмот на Чаушеску, време кога нејзиниот татко бил прогонуван и затворан само поради фактот што работел како свештеник, додека самата Ана во младоста, а и подоцна – цензурирана и прогонувана како една од многуте невини колатерални жртви на режимот, рече Шелева.

За нејзината поезија истакна дека „не флертува со помодното и површно допадливо пишување“, туку дека е критички настроена и суштински загрижена поради загубата и отсуството на слобода во, како што рече, современо-историската бездна среде која е стаписано човештвото. Лириката на Бландијана, рече Шелева, има медитативна, понекогаш исповедна интонација обележана од постојаниот егзистенцијален немир и длабоката запрашаност над темелните дилеми на човековата судбина.

-Творештвото на Ана Бландијана претставува значаен придонес во збогатувањето на изразните потенцијали на современата литература, како и витален поттик за ревитализација на нејзината благородна мисија во едно сурово време како што е нашето…, рече Шелева во беседата за романската поетеса.

Ана Бландијана (уметнички псевдоним кој е спој на заѕиданата Ана од романските легенди и селото Бландиана  од каде што потекнува нејзината мајка) е авторка на 17 стихозбирки, две книги фантастична проза, девет книги есеи и на еден роман. Нејзиното дело е преведено на 25 јазици и е претставено во 80 книги поезија и проза. Во 1990 година Бландијана го возобнови романскиот ПЕН-клуб (основан во 1924 година и распуштен во комунистичкиот период) и беше негов прв претседател. Тоа била прва институција со која повторно е воспоставена позицијата на Романија во западниот свет.

Фестивалот Струшки вечери на поезијата веќе ја има вреднувано поезијата на Бландијана со објава на избор од нејзината поезија насловен „Архангел во саѓи“, во рамки на фестивалската едиција „Плејади“ во 2004 година и во препев од романски на македонски од Лидија Димковска.

Бландијана е втор поет од Романија која го добива највисокото поетско признание „Златен венец“, што  СВП го доделува од 1966 година. Во 1982 година лауреат беше еден од најпознатите романски и европски поети  – Никита Станеску. Во пораката со која се заблагодарува за наградата,  Бландијана се сеќава на „охридската катедрала и крунисувањето на Станеску“ пред 37 години и вели: „беше магичен момент на мојата генерација“.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите

August 23, 2025

Третина од Германците се плашат дека ќе ја изгубат работата поради вештачката интелигенција

August 23, 2025

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.