Градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџети на денешната прес конференција во општината за дивите платформи на Матка, рече дека нема да ги легализира, но дека не може ни да ги урне, бидејќи има барање за легализација.
Според него, општината работела на овој проблем и констатирано е дека на Матка има три бесправно изградени платформи, но тие не се изградиле сега, туку многу одамна, а тој ги наследил.
-Ова е стар случај со Матка и не случајно општината е единствената институција која прва се изјасни дека има три бесправни објекти во вид на платформи и за кои уште во првата изјава кажав дека не сум за легализација, бидејќи не ги исполнуваат условите за легализација. Но сепак мора да ја запазиме постапката. Но ние не сметавме и до ден денес не сметаме дека само тоа е проблемот на Матка. Убеден сум дека до ден денес и во иднина ќе се докажува тоа натегање околу надлежностите на Матка, изјави Беџети.