Published: Friday, March 22, 2019 12:06
Од Министерството за обединување во Сеул соопштија дека Пјонгјанг контактирал со Јужна Кореја во канцеларијата за врски во Кесонг и тогаш ја соопштиле својата одлука. Министерството оцени дека чекорот е за „жалење“, посебно што Северна Кореја не ги соопштила причините за таквата одлука.
Канцеларијата за врски во севернокорејскиот пограничен град Кесонг беше отворена минатиот септември, како чекор за помирување на двете земји.




