Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

“Плавиот ангел” е Ромка од Бугарија

0
By Светлана Јовановска on October 26, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, October 26, 2013 20:44

Се сеќавате на сликите на малото плаво девојче од околу 5 години, кое било откриено во едно ромско семејство во Грција во Лариса и за кое се бараа вистинските родители на 16 октомври?

Очигледно полицијата не можеше да замисли дека едно плаво девојче со зелени очи може да биде Ромка. Брачниот пар Роми кај кои девојчето беше најдено беа обвинети за киднапирање и полицијата низ светот бараше да открие кој се родителите на девојчето.

Мистеријата конечно е разјаснета: малата Мариа е ќерка на ромското семејство Атанас и Саша Русеви од Бугарија. Ова го изјави портпарол на бугарската полиција а откритието е резултат на ДНК испитување.

На 16 октомври полицијата ја најде малата како игра со четири други деца во едно ромско маало во Грција а луѓето кај кои таа живеела рекле дека ја усвоиле. Според грчкиот печат, физичките карактеристики на малата Мариа ја алармирале грчката полиција поради плавата коса и очите додека другите деца на парот биле со темен тен.

Оттука тргна мистеријата за тоа кое е девојчето, од каде доаѓа, кои му се родителите, дали е киднапирано…. Истрага започна против брачниот пар кај кои беше најдена малата Мариа.

Според полицијата, исказите на овие родители, кои наводно ја посвоиле, биле често контрадикторни. Прво рекле дека ја нашле на Крит. Потоа рекле дека ја нашле напуштена пред еден супермаркет. И конечно кажале дека девојчето им го дала нејзината мајка која е од Бугарија.

Во меѓувреме потрага тргна по медиумите и социјалните мрежи преку здружението “Насмевка на детето”. Осум илјади телефонски повици биле регистрирани, 200.000 посети на интернет страната на здружението и половина милион на страната на Фејсбук.

Реперкусии од целата афера стасаа и до Ирска каде што полицијата одзеде две деца од 2 и 7 години на две ромски семејства затоа што биле плави и не личеле на браќата и сестрите. ДНК тестовите потврдиле дека полицијата се излажала.

При испитувањето на семејството каде е најдена Мариа најдени се Атанас и Саша кои се со темен тен но, објаснуваат роднините, имале двајца плави вујковци и некои од децата личат на нив. Саша ги препознала луѓето на кои им ја дала својата ќерка во 2009 година. Оттука, бугарската полиција сега отвори истрага за напуштање на детето од страна на родителите.

Се уште не е откриено како Мариа се нашла во Грција. Еден од роднините на Атанас и Саша вели дека биле на сезонска работа во Грција кога е родена ќерката но дека не ја зеле со нив бидејќи не успеале да добијат лични документи за неа.

Прашањето што си го поставува полицијата е дали малата била оставена или продадена? “Ако сум ја продала ќерка ми дали ќе живееме сега во вакви услови? Гледајте, немаме ништо”, вели мајката која живее во насебла без канализација и тешки услови за живот.

Но соседите тврдат дека малата е продадена за 200 до 300 евра, пари со кои успеале да се вратат во Бугарија и која за нив е десет пати поголема од социјалната помош што ја добиваат.

Сега Мариа е кај здружението “Насмевка на детето” а претходно и се направени лекарски тестови за да се види дали е здрава. Девојчето ќе биде вратено во Бугарија но нема да се им биде вратено на родителите. Таа ќе оди во центар за социјална заштита а потоа ќе биде ставена во семејство кое ќе биде спремно да ја прими.

Дебатата во Европа создаде стереотипи дека Ромите крадат деца и дека тие се лошо видени низ цела Европа. Дезидериу Ѓерѓели, претседател на Европскиот центар за правата на Ромите, за “Хафингтон пост” вели дека ромската заедница е жртва на предрасуди. “Тоа е како да земеме случај на копруција и на местото Ром да ставиме Француз. Ќе значи ли тоа дека сите Французи се корумпирани затоа што еден или двајца се осудени?”, вели тој.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.