Published: Sunday, March 24, 2019 09:07
Неколку стотини луѓе се евакуирани од норвешкиот крузер на кој му откажаа моторите, но акцијата за спасување се уште трае. Во текот на ноќта и покрај силното невреме спасувачките екипи ги евакуираа патниците. Крузерот успеал да се закотви и покрај огроните бранови високи по осум метри. Патниците кои се спасени сведочат дека прозорците на бродот се искршени, а водата влегува внатре. Крузерот се наоѓа на 2,5 милји од копното.
„Брановите се огромни, ветерот и невремето го отежнуваат спасувањето. Меѓу евкуираните патници има осум повредни. Тие имаат полесни повреди и се сместени во болница, изјави Ејнар Кнудсен, портпарол на Центарот за спасување.




