Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Србија одбележува 20 години од почетокот на НАТО нападите

0
By Нова ТВ on March 24, 2019 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, March 24, 2019 11:52

Во Србија денеска со повеќе комеморативни манифестации одбележува 20 години од почетокот на бомбардирањето на НАТО на СР Југославија, пренесува агенцијата Танјуг.

Денот на сеќавање на настраданите во воената кампања на НАТО ќе биде одбележан во Ниш, во присуство на српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ, како и претставници на војската, црквата, дипломатскиот кор и граѓани.

На денешен ден, пред точно 20 години, по серија обиди на меѓународната заедница да се реши косовската криза, од италијансаката база во Авиано полетаа првите авиони, кои и во следните 78 дена бомбардираа одредени цели во Србија.

Воената интервенција започна на 24 март, околу 19.30 часот, со силни предупредувачки сирени, а сите напади започнаа во речиси исто време. Нападот беше по наредба на тогашниот генерален секретар на НАТО Хавиер Солана, а без одлука на Обединетите нации. Владата во Белград истата ноќ прогласи воена состојба. Во првите денови земјата ја надлетуваа 70 борбени авиони, а со текот на времето нивниот број се зголемуваше и достигна до 400 летови дневно.

Конкретен повод беше убиството на 45 косовски Албанци, мештани на Рачак за кои во повеќе извештаи се тврди дека биле цивили, спротивно на тогашната власта на СРЈ дека станува збор за „терористичка група кои настрадале во оружената борба со безедносните сили.

Според податоци од Србија, до 10 јуни евидентирани се 18.168 авио полетувања, додека НАТО објави 38.004, од кои 10.484 со борбени дејства, а останатите биле извидувачки, летови на танкери, авакси и слично.

Нападите на СРЈ изведувани се од бродови во Јадранското Море, од четири воздухопловни бази во Италија, а дел од операциите се изведувани со бомбардери кои полетувале од бази во Западна Европа, па дури и САД.

За време на тие 78 дена уништени се околу 50 отсто од производните капацитети на земјата, а вкупната штета е проценета на десетици милијарди долари. Според српски податоци, во воената кампања загинале над 2.500 луѓе, а повредени се пет пати повеќе.

Бомбардирањето заврши на 10 јуни. Еден ден претходно, претставници на Војската на Југославија и НАТО во Куманово потпишаа Воено-технички договор, со кој е прецизирано повлекување на силите на Војската од Косово и распоредување на меѓународни воени сили во тогашната српска покраина. Силите на КФОР, составени од 37.200 војници од 36 земји влегоа во Косово на 12 јуни.

Војната заврши со капитуалцијата на Слободан Милошевиќ. Косово стана протекторат на ООН, а во 2008 година прогласи независност. Милошевиќ во 2000 година беше симнат од власт од сопствениот народ и испорачан на Меѓународниот трибунал во Хаг. Почина во 2006 година пред да ја дочека пресудата во процесот кој се водеше против него заради воени злосторства во Хрватска, Босна и Херцеговина и на Косово.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.