Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Британија: Парламентот ја презеде контролата врз Брегзит

0
By Нова ТВ on March 26, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 26, 2019 08:57

Британските пратеници гласаа за да ја преземат контролата од Владата врз дневниот ред на Парламентот за да можат утре да одржат низа гласања за алтернативните опции за Брегзит.

Тоа е чин без преседан, со цел да се обезбеди мнозинство за која било опција за Брегзит.

За преземање на контролата над дневниот ред на Парламентот гласаа 329 пратеници, додека 302 беа против.

Пратениците би можеле да гласаат за седум различни опции, вклучително и одржување на нов референдум, излегување од Европска Унија без договор или со договор каков што има Норвешка, а со кој Велика Британија би имала пристап до единствениот пазар на ЕУ и до зоните за слободна трговија. Една од опциите би можела да биде откажување од Брегзит.

Премиерката Тереза ​​Меј изјави дека не ветува дека ќе се придржува кон оваа одлука.

Тројца министри поднесоа оставка и гласаа против Меј

Триесетина пратеници од Конзервативците на Меј гласаа против Владата, од кои и тројца министри, поради што Ричард Харингтон, Алистер Берт и Стив Брин поднесоа оставка за да можат да се приклучат на пратениците и да гласаат против Меј. Харингтон ја обвини Владата дека “игра рулет со животите и со средствата за живот” на Британците.

Харингтон во писмената оставката вели дека како министер за индустрија, му било кажано дека владиниот пристап кон Брегзит “резултирал со откажани одлуки за инвестиции, а британските бизниси станале предмет на потсмев”.

Меј се обиде да го отфрли поразот, нудејќи им на пратениците серија гласања за алтернативите на Брегзит, организирани од Владата.

Таа рече дека тоа што пратениците го преземат дневниот ред на Парламентот е “невиден преседан”.

Но, поддржувачите на амандманот што го поднесе Оливер Летвин велат дека не и веруваат на Владата и треба пратениците да ја преземат контролата за опциите  за Брегзит.

Секретарот за Брегзит во сенка, Кир Стармер, на Твитер напиша: “Уште еден понижувачки пораз за премиер кој ја изгуби целосната контрола врз нејзината партија, нејзиниот кабинет и на целиот Брегзит процес“.

Поранешната министерка за Брегзит, Суела Браејверман, за Би-Би-Си изјави дека станува збор за “парламентарен масакр”.

-Пратениците [во Долниот дом], каде што знаеме дека има мнозинство против Брегзит, кои не сакаат да го почитуваат референдумот, кои не сакаат да ги почитуваат референдумските ветувања, се обидуваат да направат преврат и тоа е неприфатливо, рече Брејверман.

Што е следно?

Во серија т.н. индикативни гласања, пратениците ќе можат да гласаат за повеќе опции – најверојатно ќе вклучат “помек Брегзит”, царинска унија со ЕУ или одржување уште еден референдум – чија цел е да ја тестира волјата на Парламентот за да ја види, ако ништо друго, што е она што обезбедува мнозинство.

Но, во амандманот не се утврдува прецизниот формат на гласањето и начинот на кој тоа ќе се спроведе.

Меј рече дека е “скептична” во врска со процесот – бидејќи не нуди гаранции дека ќе обезбеди мнозинство за која било опција, и укажа дека тој нема да биде обврзувачки за Владата да го почитува резултатот.

-Гласовите би можеле да доведат до исход кој не може да се преговара со ЕУ”, изјави таа за пратениците.

Парламентот се очекува оваа недела да го усвои законот за одложување на датумот за Брегзит, предвиден за 29 март, за најмалку до 12 април.

Портпаролот на Одделот за напуштање на ЕУ рече дека кога се разгледуваат можностите на Брегзит, пратениците треба да имаат предвид колку долго ќе се преговара и дали тоа ќе бара подолго одложување и дали Велика Британија треба да учествува на европските парламентарни избори, планирани за периодот од 23 и 26 мај.

И британската Влада и Европската комисија сметаат дека ако Велика Британија не ја напушти ЕУ до крајот на мај, законски е обрвзана да одржи веропски избори.

Договорот што Меј го постигна со ЕУ веќе двапати беше отфрлен во Парламентот, поради што Меј  беше принудена да побара од ЕУ одложување на Брегзит.

*Извор Би Би Си

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.