НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Не за рудници, да за зелена економија“: Северна Македонија мора да биде држава без рудници

0
By Нова ТВ on March 26, 2019 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Северна Македонија мора да биде земја без рудници. Владата мора да го стопира овој проект. Наместо рудници, алтернатива е зелената економија.

Ова го порачаа учесниците на денешната конференција „Не за рудници, да за зелена економија“, организирана од партијата ДОМ, а на која беше заклучена дека во земјава не треба да има рудници, бидејќи се штетни за животната средина и за здравјето на жителите.

– Пораката што ние како зелена партија сакаме да ја пратиме е дека сме против рудници, но нудиме алтернатива што е здрава за граѓаните и здрава за животната средина, а тоа е зелената економија. Тоа е начин на кој државата може да направи економски развој и жителите да имаат економски бенефити и истовремено да се заштити и животната средина и здравјето на луѓето, истакна пратеничката и пратседателка на ДОМ, Маја Морачанин.

Нагласи дека во југоистокот жителите главно се занимаваат и нивната егзистенција зависи од земјоделските дејности и од туризмот, образложувајќи дека доколку биде одземена концесијата за рудникот Иловица, Владата нема да плаќа пенали.

– Во Европската Унија веќе одамна е прифатена циркуларната економија, тоа значи дека треба досегашниот економски модел на линеарна економија, во која само се црпат природните ресурси од планетата и се искористуваат за потоа да се продуцираат огромни количини на отпад со кои не можеме да се справиме на одржлив начин, да се замени, потенцираше Морачанин.

– Во оваа област како што е металургијата треба да се користат веќе експлоатираните богатства, веќе има индустрии и фирми што се занимаваат со рециклирање бакар и злато, што значи од електронскиот отпад можеме да ги добиеме оние количини метали што ни се потребни во индустријата, заклучи пратеничката.

Констатираше дека нема потреба да се уништува животната средина на штета на здравјето и на егзистенцијата на луѓето од југоистокот.

– Што се однесува до случајот со Иловица тие немаат одобрување за стратегијата за оценката на влијание на животната средина, така што нема такво решение за одобрување и нема одобрение за работа затоа што немаат а-интегрирана еколошка дозвола.Од Министерството за животна средина и просторно планирање информациите се дека таква дозввола не е издадена, наведе Морачанин.

Костадин Ристоманов, од Здружението против отворање на рудникот Иловица „Еко долина“ нагласи дека рудник нема да има, посочувајќи дека младите од регионот истакнале оти, како што рече, ако треба со „жив ѕид“ ќе го спречат работењето.

– Премиерот сам кажа дека постојат три, четири причини за веднаш да им се одземе концесијата на „Еуромакс рисорсис“ за рудникот, нагласи Ристоманов, повикувајќи го заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули во јавност да го прикаже документот за оценка за влијание на животната средина, оквалификувајќи го тој документ како „јавна тајна“.

Ангел Наков, од Здружението „Спас за Гевгелија“, истакна дека проектот е катастрофален.

– Тоа е еден катастрофален проект, донесен од претходната Влада, кој оваа Влада има задача да го стопира бидејќи тоа ќе претставува катастрофа, ќе се претвори половина Македонија во пустина, потенцираше Наков.

Истакна дека Владата презела два важни чекори, односно ја одзела концесијата за рудникот Казандол во Валандово и го донела Законот за забрана на цијанид и сулфурна киселина за употребна во рудниците во Северна Македонија.

– Македонија мора да биде држава без рудници. Претходната Влада може да се правда да вели, не бевме свесни, не ги знаевме последиците, но после овие две години, оваа Влада знае се и нема извинување, мора да го стопира овој проект, посочи Наков.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.